Достапни линкови

Обвинетите за „Монструм“ уапсени во Приштина


Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро на 12 април 2012 година.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро на 12 април 2012 година.

Портпаролот на косовската полиција Арбер Бека потврди дека синоќа во Приштина биле уапсени две лица по кои има распишано меѓународна потерница од Македонија.

Косовската полиција го проверува идентитетот на двете лица уапсени синоќа околу 19 часот, за кои беше соопштено дека се Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се обвинети дека се директни извршители на петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Првично тие се приведени и потоа јавното обвинителство во соработка со судот во Приштина може да одредат мерка притвор и потоа постапките за екстрадиција не се во надлежност на полицијата, туку на судството. Во моментот кога тие ќе одлучат за екстрадицијата, ние имаме служби што тоа ќе го спроведат.
Претходно, косовската полиција ја известила министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека двајцата одговараат на описот од меѓународната потерница, но дека немале никакви документи за идентификација. Портпаролот на косовската полиција Арбер Бека потврди дека синоќа во Приштина биле уапсени две лица по кои има распишано меѓународна потерница од Македонија.
Револтирани граѓани се собираат во Црешево на 13 април 2012 година во знак на протест откако петмина млади момчиња претходната ноќ беа убиени во близина на Смиљковското Езеро.

Револтирани граѓани се собираат во Црешево на 13 април 2012 година во знак на протест откако петмина млади момчиња претходната ноќ беа убиени во близина на Смиљковското Езеро.


„Тоа се судски процедури. Првично тие се приведени и потоа јавното обвинителство во соработка со судот во Приштина може да одредат мерка притвор и потоа постапките за екстрадиција не се во надлежност на полицијата, туку на судството. Во моментот кога тие ќе одлучат за екстрадицијата, ние имаме служби што тоа ќе го спроведат“, вели Бека.

По утврдувањето на идентитетот на уапсените, се очекува Министерството за внатрешни работи во текот на денот да излезе со детални информации во врска со апсењето на двајцата обвинети и за нивната екстрадиција.

Засега нема информации дали косовската полиција ги привела, токму по основ на меѓународната потерница или пак за некое друго дело извршено на косовска територија, па потоа утврдиле дека по нив има и потерница.

Судскиот процес за петкратното убиство почна на 20 декември 2012 година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Агим Исмаиловиќ, како и неговиот брат Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се обвинети дека се директни извршители на убиствата, а останатите се обвинети за помагање.

На 12 април минатата година без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски. Во јавноста силно одекна оваа вест. Дента по масакарот, жители на Радишани и Црешево се собраа на протест и ги блокираа патиштата.

На 1 мај минатата година, во голема акција на полицијата наречена „Монструм“ беа уапсени 20 лица за кои беше речено дека дел од нив биле на местото на убиството. Полицијата соопшти дека убиствата биле извршени од радикална исламистичка терористичка група. Убиството предизвика големи протести на етничките Македонци, но и на Албанците кои протестираа зашто сметаат дека на тој начин се стигматизирале сите муслимани во земјава.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG