Достапни линкови

Убиството кај Смиљковското Езеро ја одбележа 2012 година


Годинава што изминува, за жал, завршува неславно, што се однесува до случувањата во врска со донесувањето на буџетот за 2013 година. Непријатни ситуации пред и во зградата на Собранието, исфрлени пратеници на опозицијата, при што неколку беа повредени, отстранети новинари, тензии меѓу граѓаните пред зградата, фрлање камења, јајца, пластични шишиња. На крајот, буџетот беше донесен, а опозицијата најави дека нема да се враќа во парламентот и повика на граѓанска непослушност. Да се потсетиме на најзначајните настани во изминатите 12 месеци од сферата на внатрешната политика, меѓуетничките односи и процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО.

Настанот кој најмногу ја потресе домашната јавност и влијаеше на многу други собитија чии сведоци бевме подоцна, се случи на 12 април, Велики Четврток. Во близина на село Смилковци, кај Скопје, беа убиени петмина млади луѓе.
Уште од првичниот увид на лице место констатирано е дека смртта настапила поради прострелни рани, така што се работи за огнено оружје, но истрагата интензивно се води и работиме на утврдување на идентитетот на сторителите, нивно пронаоѓање и лишување од слобода.

„Уште од првичниот увид на лице место констатирано е дека смртта настапила поради прострелни рани, така што се работи за огнено оружје, но истрагата интензивно се води и работиме на утврдување на идентитетот на сторителите, нивно пронаоѓање и лишување од слобода“, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.
Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје на 13 април 2012 година.

Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје на 13 април 2012 година.


Во јавноста силно одекна оваа вест. Дента по масакарот, жители на Радишани и Црешево се собраа на протест и ги блокираа патиштата.

„Со страв треба да се движиме тука.“

„И порано имало инциденти, но ова е трагедија, пет жртви, малолетни деца. Значи сега ученици да не можат да одат на школо, студенти на факултет и не можеме ние да ги чекаме децата со страв.“
Се работи за лица од Скопје, лица кои се следбеници на радикалниот ислам, мотивите кои ги имаат овие лица се првенствено создавање на чувство на несигурност и страв кај граѓаните.

„Другари беа на син ми, секој втор ден ни беа на кафе, не знам што да ви кажам.“

Министерката Гордана Јанкулоска најави зголемено присуство на полицијата, со оглед на претстојните Велигденски празници. Во наредните две-три недели од министерството постојано излегуваа со повици за воздржаност и трпение и со апели да не се шират шпекулации кои и штетат на истрагата. Сè до 1 мај, кога во голема акција на полицијата наречена „Монструм“ беа уапсени 20 лица за кои беше речено дека дел од нив биле на местото на убиството.

Се надевам дека владата гледа на меѓуетничките односи како на важно прашање, се надевам. Но, ако ме прашате дали ги сфаќа доволно сериозно, не сум сигурен. Понекогаш чувствувам дека моите соговорници, луѓето со кои се среќавам, се обидуваат да го минимизираат тоа. Се разбира, не треба да го правиме полошо отколку што е, но треба да бидеме реалистични. Овие проблеми, меѓуетничките проблеми во оваа земја нема да исчезнат ако ги затвораме очите.
„Се работи за лица од Скопје, лица кои се следбеници на радикалниот ислам, мотивите кои ги имаат овие лица се првенствено создавање на чувство на несигурност и страв кај граѓаните.“

Неколку дена по апсењето на овие лица, по петочната молитва на 4 мај, протестираа неколку илјади луѓе, главно Албанци, кои сметаа дека уапсените не се виновни за масакрот кај Смилковци и бараа извинување од Јанкулоска, затоа што со нејзината изјава дека станува збор за исламистичка терористичка група, се стигматизирале сите муслимани во земјава.

„Не може цел еден народ да се викаат терористи.“

„Протестираме оти прават неправда.“

„Тие што се уапсени не се тие што го извршиле убиството, а сепак се уапсени и тоа не е праведно.“

Ваквите протести се одржуваа уште неколку петоци, што предизвика организирање на контра-протест на неколку стотици млади луѓе против ширење на радикалниот ислам во земјата. Судскиот процес за овој случај започна на 20 декември, кога на обвинителната клупа се најдоа шест лица обвинети за тероризам. По презентирањето на обвинителниот акт, по барање на одбраната, судењето е одложено за 9 јануари.

Цела година со затегнати меѓуетнички односи
Наместо принципот на одговорно и законско водење на државата, се инсталира принципот на тендерско-фотелјашки договор за останување на власт и раскрчмување на државата, а врз грбот на граѓаните.

Меѓуетничките тензии беа зголемени и пред случувањето на убиствата кај Смилковци. Уште од почетокот на годинава имаше неколку случаи кои ја вознемирија јавноста. Во неколку градови, а најмасовно во Струга, протестираа муслимани, кои сметаа дека на карневалот во Вевчани бил навреден Куранот. Повеќе пати во Скопје имаше инциденти во јавниот превоз, а дополнително влошување на ситуацијата кон крајот на февруари предизвика убиството на двајца гостиварци од страна на полицаец кој не бил на должност. Повторно имаше организирани протести против полициската бруталност. Меѓународната заедница повикуваше на смирување на тензиите. Во март, само за десетина дена во Македонија дојдоа двајца битни претставници на ОБСЕ- генералниот секретар Ламберто Заниер и Високиот комесар за малцински прашања Кнут Волебек.

„Секако дека сме загрижени. Имаше неколку инциденти и секако дека разговаравме за тоа. Мислам дека е добро што се реагираше брзо, за да се овозможи натамошно одвивање на истрагата за овие инциденти. Тоа е исклучително важно, но исто така е важно да се работи на долг рок“, рече Заниер.
Денес Господине Груевски, падна Милошевиќ со чии владеење имате најмногу сличности, 5-ти октомври, среќен ден за Србија, дај боже и за Македонија.

„Се надевам дека владата гледа на меѓуетничките односи како на важно прашање, се надевам. Но, ако ме прашате дали ги сфаќа доволно сериозно, не сум сигурен. Понекогаш чувствувам дека моите соговорници, луѓето со кои се среќавам, се обидуваат да го минимизираат тоа. Се разбира, не треба да го правиме полошо отколку што е, но треба да бидеме реалистични. Овие проблеми, меѓуетничките проблеми во оваа земја нема да исчезнат ако ги затвораме очите, затоа што вие, кои живеете во оваа земја знаете подобро од мене дека тоа е дел од историјата. А историјата покажува дека во едно општество што е поделено, како што е ова, потребна е само мала искра за да предизвика голем оган. Затоа ќе ја повикам владата навистина одлучно и сериозно да се зафати со ова прашање пред да стане доцна“, рече Волебек.
Проектот Скопје 2014-та е сè повеќе и повеќе прифатен од граѓаните.

Помали и поголеми инциденти имаше во текот на целата година. И покрај повиците на меѓународните претставници до политичките партии да се однесуваат сериозно и да не се користат овие тензии во нивната политичка пресметка, во пракса се беше поинаку. Редовна појава беше постојаното обвинување меѓу партиите дека оние другите ги предизвикуваат инцидентите само заради политички потреби. Ново масло на огнот беше долеано во август, кога министерот за одбрана Фатмир Бесими со неколку соработници положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци на ОНА во село Слупчане. Само неколку дена потоа, ВМРО ДПМНЕ во собранието го достави предлог законот за бранителите, што ги предизвика пратениците од ДУИ со разни методи да ја забавуваат работата на комисијата за труд и социјала. Откако предлагачите го повлекоа, па потоа го доставија предлогот на донесување по скратена постапка, ДУИ излезе со над 15 илјади амандмани, за чие разгледување, како што пресметаа некои медиуми, би биле потребни неколку години.

Отстапувам и од нешто што можеби никаде нема да го прочитате, меѓутоа тоа секогаш требало во овие години, а тоа е суетата, како што видовте, денеска сум со сина машна.
Меѓупартиските односи ништо поарни од меѓуетничките
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.


А работата на Собранието во стилот „тргни-застани“ се провлекува цела година. Неколку пати дебатите во парламентот беа во центарот на вниманието на јавноста, но речиси секогаш по некултурното и непримерно однесување на народните избраници. Еве дел од критиките до владата што ги упатија пратениците на опозицијата за време на интерпелацијата од 5 октомври

„Наместо принципот на одговорно и законско водење на државата, се инсталира принципот на тендерско-фотелјашки договор за останување на власт и раскрчмување на државата, а врз грбот на граѓаните“, изјави пратеникот Игор Ивановски.
Дадов неколку предлози, се надевам ќе ги сфатат сериозно и ќе ја прифатат оваа можност да ги надминат недоразбирањата за ова тешко прашање. Лидерствата во двете земји треба да признаат дека тоа е нивна одговорност и цел свет ги набљудува.

„Денес Господине Груевски, падна Милошевиќ со чии владеење имате најмногу сличности, 5-ти октомври, среќен ден за Србија, дај боже и за Македонија“, рече пратеникот Јани Макрадули од СДСМ.

Во сличен тон се одвиваше работата во Собранието и кога на дневен ред беше проектот Скопје 2014, кој веќе неколку години ги бранува не само политичките кругови во земјава

„После пет, а можеби и помалку години Скопје 2014 ќе биде проект, дозволете да кажам, на лудоста“, рече пратеничката Цветанка Иванова.

„Сето она што го кажувате е навистина неиздржано, тезите не ви држат, проектот Скопје 2014-та е сè повеќе и повеќе прифатен од граѓаните“, рече пратеникот Димитар Стеванаџија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во исто време гледаме до споменикот Просјак едне куп живи просјаци, нели е тоа иронично“, рече пратеничката Станка Анастасова од СДСМ.

Работно лето на СДСМ и обединување на опозицијата
Дополнително на односите со Грција, сè почесто слушам за односите и комплексноста на односите со Бугарија. Слушам голем број изјави од бугарските претставници кои се осврнуваат на проблемите во односите меѓу Софија и Скопје. Тоа треба да се реши.

Иако за летниот период е вообичаено да се намалат активностите на партиите, да не биде така и оваа година, се погрижи опозицискиот СДСМ, кој одржуваше митинзи во повеќе поголеми градови во Македонија, во рамките на т.н. „работно лето“. Почна во јуни во Струмица, а заврши во Скопје во октомври.

„Присуството на огромен број, преку 10 илјади граѓани во Струмица, ни покажа дека граѓаните бараат таков вид на собирање, бараат место кадешто ќе можат да го кренат гласот, против владејачките структури во Република Македонија“, рече Ана Павловска Данева од СДСМ по првиот митинг.

Во октомври се случи и формалното обединување на опозициските партии од македонскиот блок во т.н. Сојуз за иднината. Во него меѓу другите влегоа СДСМ, ЛДП и ВМРО Народна.

„За жал во овие шест години Македонија не е ниту нормална, ниту демократска држава, токму тој факт и потребата тоа да се смени го направија невозможното и возможно и неопходно“, рече Бранко Црвенковски.

„Отстапувам и од нешто што можеби никаде нема да го прочитате, меѓутоа тоа секогаш требало во овие години, а тоа е суетата, како што видовте, денеска сум со сина машна“, изјавија дотогаш лутиот политички ривал на Црвенковски, Љубчо Георгиевски.

А зошто тоа се случи на 23 октомври, ден кој популарно се нарекува „Празникот на ВМРО“, одговори Андреј Жерновски.

„Ова не е празник на една партија, јас сум ВМРО, сите сме ВМРО, но не сме ДПМНЕ.“

Евроинтеграциите во заложништво на спорот за името

И темата за евроинтегативните процеси беше присутна во текот на целата година. Во пресрет на самитот на НАТО во Чикаго, кој беше одржан во мај, речиси беше извесно дека Македонија ќе остане на истото растојание од Алијансата. Останува да го решиме спорот со Грција околу името, ако сакаме да бидеме дел од северноатланскиот пакт. Имаше и две билатерални средби со грчки претставници. Најпрвин во јануари вицепремиерката Теута Арифи се сретна со својот колега Теодорос Пангалос, а во март премиерот Никола Груевски со тогашниот шеф на грчката влада Лукас Пападимос. Неколку пати со посредство на Метју Нимиц се состанаа и двајцата преговарачи Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. И додека по средбата во февруари Нимиц изјави дека не понудил нов предлог затоа што не е најдобро време за тоа, по ноемвриската сеанса во Њујорк, тој рече:

„Дадов неколку предлози, се надевам ќе ги сфатат сериозно и ќе ја прифатат оваа можност да ги надминат недоразбирањата за ова тешко прашање. Лидерствата во двете земји треба да признаат дека тоа е нивна одговорност и цел свет ги набљудува“, рече Нимиц.

Во октомври, грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос му испрати меморандум на својот македонски колега Никола Попоски, во кој се посочува рамка за побрзо постигнување на решение за името. Македонскиот одговор уследи по еден месец, но во Атина тој беше протолкуван како незадоволителен.

Во март Македонија и ЕУ почнаа т.н. пристапен дијалог на високо ниво, кој од многумина познавачи беше оценет како замена за вистинските преговори. Еврокомесарот Штефан Филе на почетокот на дијалогот во Скопје ги отфрли таквите критики.

„Во ниту еден случај не станува збор за замена на вистинските преговори. Дијалогот ќе ја охрабри агендата за реформи во земјата со постигнување на јасен договор за реформите кои ќе се преземат во 5 клучни области.“

За време на неговиот престој во Македонија во септември, Филе во интервју за Радио Слободна Европа, ја потенцира важноста на добрососедските односи, односно на релацијата со Бугарија.

„Дополнително на односите со Грција, сè почесто слушам за односите и комплексноста на односите со Бугарија. Слушам голем број изјави од бугарските претставници кои се осврнуваат на проблемите во односите меѓу Софија и Скопје. Тоа треба да се реши, тоа треба да биде водено од политичарите од двете страни. Политичарите од двете страни ја имаат одговорноста. Патот кон ЕУ минува низ добрососедските односи и ако сакате да станете добар член на Унијата, единствен можен начин е во исто време да стaнетe добар сосед.“

Ваквата формулација, како и барањето за решавање на спорот со името, беше повторена и по самитот на Европската унија во декември, иако во октомври Европската комисија повторно препорача започнување на пристапните преговори за членство на Македонија во Унијата. Во октомври премиерот Груевски изјави:

„Со доделувањето на датум за пристапни преговори, Советот на ЕУ и земјите членки ќе отворат едно ново поглавје за нашата земја, но и за регионот, кое ние ќе знаеме да го цениме и да го вреднуваме.“

А во рамките на годишното обраќање во парламентот, на 18 декември, претседателот Ѓорге Иванов не го криеше разочарувањето.

„Јас сум лично разочаран од исходот на годинешниот бриселски Самит, се чини дека старите, излитени балкански манири, балкански интереси, аспирации, сè уште опстојуваат и се наметнуваат на исходите на самитите на ЕУ.“

Од настаните што треба да се спомнат во овој преглед, ги издвојуваме и протестите на граѓанското здружение АМАН против поскапувањата на струјата и на парното греење и штрајкот на лекарите од клиничкиот центар.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

Поврзано

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG