Достапни линкови

logo-print

Судскиот процес за „Монструм“ одложен


Судењето на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро е одложено за на 9-ти јануари.

Судот го одложи рочиштето за петкратното убиство кај Смилковското езеро познат како случајот Монструм во кој се обвинети шест лица за тероризам. Судскиот процес ќе продолжи на девети јануари.
Главниот претрес е одложен за да се направи увид во доказниот материјал од страна на обвинетите, затоа што во фаза на исртажување не им беше овозможен увид и од тие причини се одложи. Друго се што имав да кажам, јас кажав во судот.

Двајца од обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство по барање на Обвинителство беше прифатено да им се суди во отсуство. Адвокатот Митко Солаков, кој го застапува Рамиз Фејди по читањето на обвинителниот акт побара од судијата Ивица Стефановски да им овозможи на обвинетите да имаат увид во списите и во доказниот материјал, бидејќи во истражната постапка не им било дозволено.
По апсењето на обвинетите во мај беа организирани низа протести во Скопје на кои беше побарано ослободување на обвинетите.

По апсењето на обвинетите во мај беа организирани низа протести во Скопје на кои беше побарано ослободување на обвинетите.


„Главниот претрес е одложен за да се направи увид во доказниот материјал од страна на обвинетите, затоа што во фаза на истражување не им беше овозможен увид и од тие причини се одложи. Друго се што имав да кажам, јас кажав во судот“, вели адвокатот Митко Солаков. Со барањето се согласи и Насер Рауфи адвокатот на обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири.

„Не само што увидот не беше овозможен, туку јас не бев запознаен ни со тоа кои докази се изведуваат и воопшто не присуствував на доказната постапка, на пример кога се распрашувале сведоците и слично. Потребен е ваков увид за и самите обвинети да видат дали има докази по овој предмет. Јас и понатаму тврдам дека нема докази, бидејќи јас како бранител имам извршено увид, меѓутоа согласно одредбите на законот за кривична постапка, таквиот увид треба да им се овозможи и на обвинетите.

Обвинителката во случајот Гордана Гешковска рече дека нивното барање е со цел да се одолговлекува постапката. Застапникот на семејствата на жртвите Дафинка Ивановска побара разбирање од новинарите.

„Сметаме дека нема еквивалент којшто може да ја надомести нивната болка, па затоа барам од вас да имате разбирање и за изјави и за се. Крајот ќе каже каков ќе биде резултатот.“

Во судот не присуствува семејствата на петте жртви за разлика од тие на обвинетите. На 12 април годинава беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќев и рибарот Борче Стефановски. Според обвинението, убиството имало за цел да предизвика несигурност кај населението и да ја наруши безбедноста во земјата за предизвикување страв кај граѓаните.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG