Достапни линкови

Почна судењето за „Монструм“


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Според обвинението, убиството кај Смилковското езеро имало за цел да предизвика несигурност кај населението и да ја наруши безбедноста во земјата.

Судскиот процес за петкратното убиство кај Смилковското езеро, познат како случајот „Монструм“, во кој се обвинети шест лица за тероризам, започна денеска во Кривичниот суд во Скопје.

Двајца од обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се уште се во бегство. А на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Според обвиненијата убиствата ги извршиле Алил Демири и Африм и Агим Исмаиловиќ.
Двајца од обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се уште се во бегство. А на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Според обвиненијата убиствата ги извршиле Алил Демири и Африм и Агим Исмаиловиќ.
Блокада на патот Бутел-Радишани, по убиството на пет луѓе во скопското село Смиљковци.

Блокада на патот Бутел-Радишани, по убиството на пет луѓе во скопското село Смиљковци.


Судскиот процес кој се уште е во тек, го води судијата Ивица Стефановски, обвинителка во случајот е Гордана Гешковска, а обвинетите ги брани адвокатот Насер Рауфи.

Пред читањето на обвинението обвинителката побара да им се суди во отсуство и на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се уште се во бегство, притоа го обвини адвокатот на обвинените дека не се држи до наводите на јавниот обвинител и дека не го почитува редот на судот.

Адвокатот Насер Рауфи ги негираше обвинувањата и кажа дека целата на обвинителката за таквите наводи е поради недостогот на докази. Адвокатот не се противаше на обвинетите кои се во бегство да им се суди во отсуство. На почетокот на судењето обвинителката го прочита обвинителниот акт за убиството кај Смилковското езеро, а се очекуваат и исказите на обвинетите.

Според обвинението, убиството имало за цел да предизвика несигурност кај населението и да ја наруши безбедноста во земјата за предизвикување страв кај граѓаните.

Смилковското езеро било под концесија на еден од обвинетите Фејзи Азири, чичко на Хаки Азири кому по убиството му е одземена концесијата. Обвинителството се повикува на матријални докази, транскрипти од телефонски разговори, како и сведочења на заштитен сведок.

Адвокатот на обвинетите Насер Рауфи тврди дека обвинителството нема доволно докази. На 12 април годинава беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќев и рибарот Борче Стефановски.

По апсењето на обвинетите во мај беа организирани низа протести во Скопје на кои беше побарано ослободување на обвинетите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG