Достапни линкови

Интензивни преговори со Грција?


Папандреу и Груевски

Папандреу и Груевски

Ќе има ли интензивирање на преговорите за името по јасната порака од ЕУ дека без решение на проблемот нема датум за преговори? За МНР зависи од вољата на Атина.

Динамиката во разговорите и продолжението на македонско-грчкиот дијалог зависи од политичката волја на официјална Атина. Република Македонија е подготвена да го даде својот конструктивен придонес во надминувањето на разликите, се вели во писмениот одговор од министерството за надворешни работи на нашето прашање дали ќе се интензивираат преговорите за името? Оттаму додаваат дека со задоволство би ги виделе министерката за надворешна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон, и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во двократни посети на Република Македонија и Република Грција, со цел почеток на преговори со ЕУ и разговори за решавање на спорот за името.
Кога дома би се постигнало цврсто единство околу она што го предвидува резолуцијата, околу она што е зацртано во Времената спогодба тогаш Грција нема простор за маневрирање...
Токму сега, откако и официјално спорот со името беше посочен како главна пречка за отпочнување преговори со Унијата, експертите очекуваат зголемена активност околу евроатланските интеграции, како и интензивирање на преговорите на ниво на премиери.
Според Слободан Чашуле Меѓународната заедница е уморена од спорот за името.

Од протестите пред ЕУ инфоцентарот во Скопје

,,Кога дома би се постигнало цврсто единство околу она што го предвидува резолуцијата, околу она што е зацртано во Времената спогодба тогаш Грција нема простор за маневрирање."

Дека не постои политичко единство околу ова прашање покажуваат и различните сфаќања за овој проблем во двете најголеми партии во албанскиот политички блок. Од владејачката ДУИ велат дека сакаат да бидат дел од решавањето на проблемот со името и постојано се информираат за текот на преговорите.
Македонците сакаат јас да се солидализирам затоа што некој сака да им го уништи идентитетот, а тие секојднево почнувајќи од премиерот па до обичниот Македонец, мене ми го уништуваат идентитетот со зборовите, македонска држава, македонска култура, македонска армија..


,,Ние постојано се залагаме и ги охрабруваме сите релевантни фактори во земјата било да се власт или опозиција дека прашањето за името е едно многу важно прашање кое директно е поврзано со интеграцијата на земјата во НАТО и Европската Унија, постојано разговараме, на секоја средба од повисоко ниво. Ова прашање е дел од анализите, дел од нашите залагања. Ние сме свесни и одговорни дека Република Македонија нема друга алтернатива освен евроатланската интеграција."

изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Спротивно од ваквите тврдења, од ДПА велат дека овој проблем не ги засега Албанците.

,,Не не интересира, тоа е проблем на Македонците. Тука се многу работи нејасни, Македонците сакаат јас да се солидализирам затоа што некој сака да им го уништи идентитетот, а тие секојднево почнувајќи од премиерот па до обичниот Македонец, мене ми го уништуваат идентитетот со зборовите, македонска држава, македонска култура, македонска армија..."

изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој ќе биде гостин во неделното интервју на радио Слободна Европа.
Експертите велат дека е потребно е да се вразумиме и да не дозволиме светот да стекне впечаток дека во земјата постојат тврда и мека страна и дека тогаш кога меката ќе дојде на власт ќе го реши спорот со името.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG