Достапни линкови

Ништо ново во преговорите за името


Папандреу и Груевски
Папандреу и Груевски

Резултатите од изборите во Грција, нема да донесат ништо ново во преговорите за името, велат аналитичарите. Води ПАСОК на Папандреу.

Победата на грчката владејачка партија на Јоргос Папандреу нема значително да влијае врз преговарачкиот процес за спорот меѓу Македонија и Грција. Ова е ставот на стручната јавност откако првичните официјални резултати во Грција покажуваат водство на ПАСОК. Грција е во тешка ситуација и ниту една влада нема да го преземе ризикот да дозволи отстапки кон македонската страна за да се реши спорот со името, вели аналитичарот Ристо Никовски. Според него, проблемот со името ќе остане отворен подолго време.
Нема влада во Грција, ниту премиер, кој во дадената ситуација ќе преземе ризик да дава било какви отстапки према нашата земја.


„Нема влада во Грција, ниту премиер, кој во дадената ситуација ќе преземе ризик да дава било какви отстапки према нашата земја. Огромната криза со која се соочени, огромното незадоволство кое владее во земјата, не остава маневарски простор за некакви комбинаторики во однос на нашето име.“

Напредок во преговорите не очекува ниту професорот Хасан Јашари. Според него потребно е брзо менување на стратегијата која што побрзо треба да не доведе до Европската унија и НАТО.

„Сега само се троши енергијата во ракувања, во фотографирања пред новинарите, за да се добие впечаток дека еве нешто се работи, еве контактираме. Меѓутоа суштински нема напредок.“

Неодамна од грчкото министерство за надворешни работи соопштија дека доколку „раководството на БЈРМ навистина одлучи дека е подготвено за некаков прогрес, тогаш решението може да се случи многу брзо“. Еве како домашните експерти ги коментираат ваквите изјави од грчка страна.
Нема влада, нема политичар во Македонија кој што ќе го прифати тоа што бараат Грците, а тоа е да го промениме идентитетот на
народот.


„Нема влада, нема политичар во Македонија кој што ќе го прифати тоа што бараат Грците, а тоа е да го промениме идентитетот на народот“, вели Никовски.

Дека владата не покажува вистинско расположение да се реши проблемот со името што поскоро се согласува и Јашари. Но, според него на ист начин се однесува и другата страна.

„Неискрени се и двете страни и двете страни го замајуваат народот. И профитираат од ваквата ситуација за свои политички поени.“

Портпаролот на грчкото МНР Грегори Делавекурас, деновиве изјави дека не е е планирана нова билатерална средба меѓу премиерите на Грција и Македонија, Папандреу и Груевски пред самитот на НАТО во Лисабон, додавајќи дека Атина се надева на напредок што е можно поскоро.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG