Достапни линкови

Дневен печат


Весници, магазини, неделници, печат...
Весници, магазини, неделници, печат...

,,Брисел гообјави извештајот", ,,Телевизиите го замрачија етерот" ,,Грција ја добива битката на меѓународниот пазар", дел од насловите во дневните весници.

Дека објавувањето на извештајот за Македонија на Европската комисија беше забележано во сите медиуми како главна вест, сите го знаеме и го знаете. Повеќе внимание ми привлече информацијата дека ЕУ ја спушта рампата за македонските вина, поточно, дека од почетокот на следната година ќе ги затвори сега барем малку подотворените врати за вината од земјава, како што објавува ,,Утрински,,. ,,Време,, оди со категорична најава дека ,,Грција ја добива битката на меѓународниот пазар,, но дозволете ми, во суштина, во што е ,,закачката,, покрај бомбастичните наслови дека Грција не ни дозволува употреба на придавката ,,македонски,,. Ние не сме ги заштитиле ниту имињата на регионите, како Повардарие или Тиквеш, на пример, а пак најмалку географскиот поим Македонија што го
употребуваме на етикетите на нашите вина. Всушност, никој не ни е виновен што пред дваесетина години, од кога се појавивме како самостојна држава не сме си го заштитиле ниту географското ниту регионалното потекло на нашето вино, што Грција го сторила токму со името на виното од својот регион Македонија пред дваесет години! Народот би рекол Цацко сега ни е крив! Продажбата на Алфа ТВ на српската Пинк предизвика голема бура во медиумите кои главно го осудуваат потегот на сопственикот, бизнисменот Штерјо Наков. Забораваме дека во пазарно општество се' е на продажба и дека е најважен профитот притоа. ,,Алфа ќе го додаде Пинк, новите газди скенираат,, насловува ,,Утрински,, ,,Телевизиите го замрачија етерот,, пишува ,,Дневник,,. И се разбира, ,,Брисел го објави извештајот за Македонија - демократијата на стаклени нозе,, јавува ,,Дневник,, а ,,Утрински,, по повод извештајот пишува дека тоа е ,,Година на тапкање в место,,. ,,Нова Македонија,, во насловот пишува: ,,Извештајот избалансиран: и критики и прогрес,, односно дека во него се констатира дека владината коалиција е стабилна, но влијание врз неа има недоволниот дијалог кој направил поделба во меѓуетничките односи, како воведувањето на учење на државниот јазик од прво одделение и новиот урбанистички план ,,Скопје 2014,,. ,,Вечер,, во наслов го објавува мислењето на премиерот Груевски дека ,,Европската Комисија констатира напредок во сите поглавја,, и дека е задоволен што Комисијата и годинава дала позитивна оценка за сето она што го реализирале македонските институции. ,,Време,, забележува дека Европската комисија ,,даде полоша оценка за Македонија од лани,, поправо, дека ,,Европа оценила дека чекориме во место,,. Во врска со нашите евроинтеграции, поточно пред претстојниот самит на НАТО, ,,Утрински,, објави подолга анализа со наслов ,,Ловат вештерки наместо покана за НАТО,, во која критички ја отсликува атмосферата во државава на две недели пред самитот: ,,Досиеја, партиски метли, пропаднати надежи,, - се само дел од затегнатата политичка клима, а бомбастичните политички пораки за силните заложби на македонското државно раководство за членство во Алијансата годинава не се дел од амбиентот во Скопје,,.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG