Достапни линкови

Различни оценки за извештајот


Од минатогодишната прослава на позитивниот извештај на ЕК за Македонија

Од минатогодишната прослава на позитивниот извештај на ЕК за Македонија

За власта позитивен, за опозицијата негативен, а евроамбасадорот Ерван Фуере го оцени само како објективен извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.

За власта позитивен, за опозицијата тапкање во место е овогодинешниот извештај на ЕК за напредокот на земјата. Евроамбасадорот Ерван Фуере на денешната прес конференција го нарече само објективен зошто го нотира и напредокот и заблешките во различните области.
Ова е реалноста. И ние веруваме дека граѓаните сакаат да ја слушнат реалноста на состојбите во оваа земја и фактот дека премиерот Никола Груевски објави дека ќе направи акционен план во однос на реформите покажува дека има слабости.


„Ова е реалноста. И ние веруваме дека граѓаните сакаат да ја слушнат реалноста на состојбите во оваа земја и фактот дека премиерот Никола Груевски објави дека ќе направи акционен план во однос на реформите покажува дека има слабости дека на нив мора да работи владата и сите политички партии во земјата.“

Евроамбасадорот Ерван Фуере

Задоволство во владејачката ВМРО-ДПМНЕ, извештајот е реален одраз на перцепцијата којашто владее во македонскотот општество и во очите на Брисел за тоа каде оди земјава што се однесува до евроинтеграциите, вели Петар Поп Арсов од оваа партија.

„Добивањето на препорака и оваа година говори за тоа дека Македонија го задржала потребното ниво, едноставно препораката се повторува и оваа година.“

За опозицијата, овогодинешниот извештај е полош од минатогодишниот пред се со оглед на тоа што како што велат отвара нови прашања како што се слободата на говор и цензурата врз новинарите, сериозно назадување во судските реформи и нападите врз Уставниот суд. Единствениот параметар дали одиме напред кон ЕУ е добивањето датум за преговори, се друго е мачкање очи, коментира Гордан Георгиев од СДСМ. Што се однесува до забелешките дадени во извешатјот кај нив постои скепса дека владата има капацитет и е подготвена да се посвети на нивно подобрување.
Добивањето на препорака и оваа година говори за тоа дека Македонија го задржала потребното ниво, едноставно препораката се повторува и оваа година.


„Тоа се истите критики на кои што СДСМ предупредуваше во текот на целата година и токму затоа беа интерпелациите на Маневски, Јанкуловска, токму затоа го критикувавме трошењето пари за проектот ,,Скопје 2014", нападот на Уставниот суд и ако се сеќавате, тогаш бевме напаѓани од власта дека критикуваме без аргументи“, изјави Георгиев.

Тој вели дека прашањето за името било за првпат експлицитно наведено во изјавата на еврокомесарот за проширувањето Штефан Филе, а од друга страна неговото надминување се соочува единствено како што велат со двојна реторика од страна на премиерот една наменета за надвор а друга за внатрешна употреба.
Во ДУИ се очекува Владата да ги земе со голема сериозност сите наведени забелешки и да им се посвети многу поинтензивно во наредниот период.

„Навистина ова не смее на една сериозна држава која претендира да биде членка на ЕУ, секоја година да се повторуваат истите нешта“, изјави Сафет Незири од ДУИ.

Колку за споредба, во 2009 значаен напредок е остварен во две области, годинава во ниту една, добар прогрес бил остварен во 11 годинава во 6, ограничен и мал напредок во 2009 година имало во 4, а годинава во 9 области, изјави Фуере.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG