Достапни линкови

logo-print

Филе - Името, па преговори


Еврокомесарот Штефан Филе

Еврокомесарот Штефан Филе

Македонија мора да го реши спорот со името со Грција, за да ги отпочне преговорите со ЕУ, изјави во Брисел еврокомерасот Штефан Филе објавувајќи го извештајот на ЕК.


Европската комисија по објавувањето на овогодинешниот извештај за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес ја повтори препораката земјава да отпочне преговори за влез во Европската унија.
Комесарот за проширување на унијата Штефан Филе на прес конференцијата по повод извештајот кратко изјави дека политичките критериуми и натаму успешно се исполнуваат, но за да добие датум за преговори Македонија најпрвин треба да го реши спорот со името со Грција.

„Потребна е едногласна одлука на сите земји членки за да започнат преговорите, затоа од суштинско значење е да се постигне заемно прифатливо решение за името, под покровителство на Обединетите Нации“,
Потребна е едногласна одлука на сите земји членки за да започнат преговорите, затоа од суштинско значење е да се постигне заемно прифатливо решение за името, под покровителство на Обединетите
Нации.
изјави Филе.

Премиерот Никола Груевски изрази задоволство дека и оваа година комисијата ја оценила Македонија позитивно за се она што македонските институции го реализираа во изминатиот период на полетото на европските интеграции. Тоа е јасен доказ вели Груевски за трудот на владата во реализација на овој висок стратешки приоритет.

„Позитивната оценка и потврдата за препорака за почеток на преговори на Република Македонија за членство во Европската унија е признание дека државата се движи напред, дека реформите продолжуваат, дека модернизацијата се спроведува и дека Република Македонија го има постигнато потребното ниво на политички, економски и општествен развој за да го достигнеме следното ниво во нашата евроинтеграција. “

Груевски призна и дека има области во кои се потребни дополнителни напори за остварување напредок за кои ќе биде направен акционен план.
Евроамбасадорот Ерван Фуере ја поздрави подготвеноста на владата за остварување на реформите.

„Ја поздравувам најавата на премиерот дека се подготвува акциски план во областите каде што е потребна дополнителна работа и го охрабрувам премиерот во идејата да преземе иницијатива за вклучување на сите партии, на целото граѓанско општество за фокусирање и реализација на реформите врз основа на духот на консензус.“

Реформски забелешки

Најголеми забелешки во овој извештај има за реформите во судството, борбата со корупцијата, администрацијата, како и слободата на говор во земјата и политичкиот дијалог. Додека пак Македонија бележи напредок во остварување на политичките критериуми, децентрализацијата и реформите во полицијата.
Во извештајот се наведува загриженост поради политичките притисоци врз независноста на судството и мешањето на власта во одлуката на судиите, како и за тоа што големите судски случаи немаат разврска. Комисијата оценува дека има одреден напредок во реформите на јавната администрација, но оти треба да се направат дополнителни напори за да се осигура нејзината транспарентност, професионалност и независност.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе на денешната прес-конференција во Брисел

Корупцијата и понатаму останува распространета во многу области и продолжува да биде сериозен проблем. Во однос на слободата на изразување има критики за етничката поделеност на медиумите, за автоцензурата на новинарите, како и за политичките притисоци врз новинарите. Во економскиот дел има критики за големата невработеност во земјата.

Забелешки за политичкиот дијалог се поради нефункционирањето на Комисијата за меѓуетнички односи и тепачката во Собранието. Генерално Македонија во регионалната соработка има добри односи со сите соседи, освен со Грција поради спорот со името. Комисијата и препорачува на власта да избегнува изјави и да презема акции кои негативно би можеле да влијаат на односите меѓу двете земји.

За позитивен исчекор се сметаат директните средби на највисоко политичко ниво, иако тие се уште не донесоа конкретни резултати. Филе додаде дека Унијата мора да продолжи со проширувањето бидејќи тоа ќе донесе мир и стабилност на регионот и за развој на демократијата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG