Достапни линкови

Македонија - Изолиран остров или ЕУ?


ЕУ инфоцентарот во Скопје

ЕУ инфоцентарот во Скопје

Земјата мора да се прилагодува на новонастанатата ситуација на патот кон ЕУ наметната од спорот за името или ризикува изолација. Лидерството во регионот на патот кон ЕУ полека го превзема Србија. Вака аналитичарите во Скопје го оценуваат извештајот на Европската Комисија за Западен Балкан. Според нив додека Македонија се занимава со себе, Црна Гора доби препорака за статус на земја кандидат за членство, а Србија добро ги поставила основите.



Доколку проблемот со името не се реши и ако реформите останат на исто ниво како денеска, Македонија ќе биде изолиран остров кој уште долго време ќе биде надвор од евроатланските интеграции. Немаме време за губење, оти тоа само по себе значи пораз, вели професорот Нано Ружин, ден по добивањето на извештајот од Европската Комисија, за напредокот на нашата земја.
Таа тенденција на лидерство во групата се повеќе сака да го преземе Србија, затоа што на некој начин тоа е одобрено и од ЕУ и од САД.


„Мислам дека и покрај добрите резултати што беа постигнати некаде до 2007-2008 година, не би требало за тоа да се земат празните триумфалистички говори и на премиерот, или пак од друга страна да велиме ако сме опозициони, дека оваа влада не е способна тоа да го направи. Треба да реагираме како граѓани на ова општество, да кажеме дека сме загрижени независно која политичка опцијата е на власт, за тоа што ни случува.“

Според професор Ризван Сулејмани политиката на Европската Унија се менува и го напушта концептот на проширување во пакет. Во моментот се промовира концептот на лидерство во групата, а во таа насока погледите се вперени кон Србија.

Македонија во ЕУ, ЕУ во Македонија

„Таа тенденција на лидерство во групата се повеќе сака да го преземе Србија, затоа што на некој начин тоа е одобрено и од ЕУ и од САД.“

Слично размислува и Ружин. Виновни за ваквата ситуација, според него, сме самите, односно политиката што ја води актуелната власт.
Имавме можност да се ,,прилепиме" на Хрватска и заедно да влеземе во ЕУ. Сега веќе таа шанса е испуштена, сега како најголем и најсериозен лидер се наметнува Србија, за една година нејзината позиција можеби ќе биде изедначена или многу подобра од онаа на Македонија.


„Имавме можност да се „прилепиме“ на Хрватска и заедно да влеземе во ЕУ. Сега веќе таа шанса е испуштена, сега како најголем и најсериозен лидер се наметнува Србија, за една година нејзината позиција можеби ќе биде изедначена или многу подобра од онаа на Македонија.“

Иако Македонија ги исполни политичките критериуми, очигледно дека ќе остане надвор од Унијата се додека не се реши спорот со името, се согласува и Сулејмани. Но, и тогаш нејзиниот влез во Унијата би бил условен од расположението на земјите членки во однос на идно проширување, вели Сулејмани.

„Дефинитивно, Македонија останува во пакет и оди во тој пакет со Косово, Србија, Босна и Албанија, со тоа што може да се отвори нова ситуација, зависно како ќе се одвиваат работите во ЕУ.“

Експертите велат дека Македонија и другите земји од регионот ја изгубија шансата да се создаде полицентричен Балкан кадешто иста позиција ќе имаат сите земји од регионот. Засега посочуваат тие Македонија мора да се прилагоди кон политиката на Европската унија и да се позиционира во согласност со новонастанатите ситуации.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG