Достапни линкови

logo-print

Полска сака да ја види Mакедонија во ЕУ


Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски и неговиот македонски колега Антонио Милошоски на прес-конференција во Скопје.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски и неговиот македонски колега Антонио Милошоски на прес-конференција во Скопје.

Спорот за името е комбинација од грчка национална супериорност и македонски обид за одбрана на националното достоинство, вели министерот Антонио Милошоски.

Полска е посебно заинтересирана и за време на своето претседателство со ЕУ ќе се ангажира за проширување на Унијата, осебено на Западниот Балкан, изјави шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски при посетата на Скопје. Полска ќе претседава со Унијата во втората половина од наредната година.
На заедничка прес-конференција со својот македонски колега Антонио Милошоски, Шикорски рече дека се надева оти наредната година ќе биде година на проширување на Унијата.
Никој нема да биде посреќен од мене кога ќе заврши процесот и ќе почнеме да примаме земји како Македонија во НАТО и во ЕУ.


„Никој нема да биде посреќен од мене кога ќе заврши процесот и ќе почнеме да примаме земји како Македонија во НАТО и во ЕУ.“

Шикорски изјави дека Македонија нема проблем со своето име, но повика на флексибилност од двете страни во преговорите за името и изрази надеж дека спорот ќе биде решен под покровителство на ОН.



Министерот Милошоски, пак, повтори дека спорот за името е производ на грчкиот нерационален пристап.

Mинистрите за надоврешни работи на Македонија и на Полска, Антонио Милошоски и Радослав Шикорски на средба во Скопје.

„Тоа е една комбинација на грчка национална супериорност и македонски обид за одбрана на националното достоинство.“

Милошоски, сепак, вели дека со политичка волја, прагматизам и со подршка и зголемено внимание од ЕУ може да се најде начин за надминување на спорот. Тој апелира и за поголема одговорност на Атина, не само кон Македонија, туку и кон регионот и неговата долгорочна стабилност и европски перспективи.
Министерот Милошоски информира дека е договорено, Полска да и помага на Македонија во
Во моментот кога Македонија ќе ги отпочне преговорите за членство со ЕУ, Полска ќе биде нашиот покровител и помагател во однос на две многу важни поглавја, првото - правда и внатрешни работи и второто поглавје - заедничка надворешна и безбедносна
политика.
преговорите за членство во Унијата. Двете земји ќе го отпочнат процесот наречен Скопска конференција, по примерот на холандско-полскиот модел за поддршка при преговорите, информира Милошоски.

„Во моментот кога Македонија ќе ги отпочне преговорите за членство со ЕУ, Полска ќе биде нашиот покровител и помагател во однос на две многу важни поглавја, првото - правда и внатрешни работи и второто поглавје - заедничка надворешна и безбедносна политика.“

Во однос на информациите за заострена контрола при патувањето во ЕУ, поради злоупотреба на визната либерализација, Шикорски рече дека, да одлучувала сама, Полска никогаш не би вовела визи за македонските граѓани. Во Полска со сентимент се сеќаваме на патување во Југославија и воопшто не се чувствуваме загрозени од емигранти од поранешните југословенски републики. Ги воведовме визите поради цената што требаше да ја платиме за влегување во шенген-зоната, вели полскиот шеф на дипломатијата. Тој, сепак, нагласи дека Македонија треба да ги информира граѓаните дека визната либерализација служи за туристички патувања, а не за емигрирање или азил.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG