Достапни линкови

Вести

Пендаровски: Мандатот по изборите ќе го доделам со гаранција за мнозинство

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски во тевизиското интервју за Канал 5 изјави дека на земјава и е е потребна меѓународна експертска помош за спроведување на ветинг во правосудството.

„Да бидеме реални, Груевски прв ја даде идејата за странец обвинител. После ја напушти. Што се однесува до ветингот, јас мислам дека е најдобро да се свртиме кон некој странец експерт да го менаџира ветингот“ изјави Пендаровски.

Во однос на претстојните предвремени парламентарни избори Пендаровски посочи дека ќе му го даде мандатот на оној што ќе го увери или ќе му даде гаранција во облик на потписи дека има 61 пратеник.

„Не чувствувам должност кон СДСМ и ДУИ. Доколку не работат за доброто на граѓаните нема да имаат моја поддршка,“ изјави Пендаровски.

Тој на прашањето за техничката влада истакна дека не му се допаѓа што во земјава има таков предизборен модел на техничка Влада, но, истакна ова е најдобар модел поволен за нас.

На прашањето како ја оценува функционалноста на техничката Влада, Пендаровски подвлече дека недовербата меѓу двата политички блока е многу голема, многу поголемо од просечното ниво на недоверба меѓу граѓаните кои се веќе партиски и политички определени, изјави шефот на државата Пендаровски.

За Законот за ЈО и начинот на кој беше донесен во Собранието, Пендаровски укажа дека може да ги потпише законите откако се изгласани и кога Собранието е распуштено.

„Тврдам дека ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ и без да го донесевме Законот за ЈО, но добро е што го имаме“,изјави меѓу другото Пендаровски.

Бугарската православна црква нема да учествува на Саборот во Јордан

Илустрација
Илустрација

Бугарската православна црква соопшти дека нема да испраќа свој претставник на Саборот на патријарси во престолнината на Јордан, кој во организација на Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети ќе се одржи на 26 февруари. Во соопштението се вели дека Синодот на БПЦ „ќе се воздржи од учество и нема да испрати свој претставник во Аман“.

За средбата во Аман досега учество потврдија единствено патријарсите на Русија и Србија, додека сите останати православни цркви категорично одбија да присуствуваат на средбата. Последниот кој не ја прифати поканата беше грузискиот патријарх Илија Втори, на почетокот на неделава. Според најавите, на дневен ред на средбата ќе биде украинското прашање, кое предизвика голема поделба во православниот свет.

Армани со обвинување кон модната индустрија

Илустрација, модна ревија, архивска фотографија
Илустрација, модна ревија, архивска фотографија

Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани ја обвини модната индустрија за „силување на жени“ за време на презентацијата на модната недела во Милано. Тој истакна дека е дојдено време „искрено да го каже она што го мисли“ пред новинарите.

„Жените се силувани од дизајнерите, од нас“ рече 85 годишниот дизајнер,пренесува Ројтерс. Армани изјави дека ситуацијата е резултат на опсесијата на индустријата со краткорочни модни трендови и високо сексуализиран маркетинг. Тој вели дека му се „лоши“ кога ќе го слушне зборот „тренд“.

„Ние треба да работиме за денешната жена. Не треба да и наметнуваме трендови“ изјави Армани.

Неговите коментари денеска доаѓаат во ек на таканаречената кампања „ #Metoo“ која го стави под светлото на јавноста сексуалното вознемирување и напади на работно место врз жената во општеството како целина.

Иран на црната листа на ФАТФ

Демонстранти имаат испишано „Не за ФАТФ“ на своите раце. архивска фотографија
Демонстранти имаат испишано „Не за ФАТФ“ на своите раце. архивска фотографија

Иран се најде на црната листа на глобалната организација за спречување на финансирање на тероризам ФАТФ, поради неуспехот да преземе мерка против перење пари и финансирање на терористички групи. Организацијата со седиште во Париз која ја поддржува борбата против перење пари и финансирање на тероризам во списокот во сивата зона ја наведе и Пакистан. Во соопштението на ФАТФ е наведено дека ја укинува суспензијата на санкциите што беше воведена во 2016 година со цел да му се даде време на Иран за реформирање. Организацијата ги повика сите 38 земји членки да преземат ефективни контрамерки.

Шефот на иранската Централна банка Абдолнасер Хемати изјави дека одлуката на ФАТФ е „политичка “ и дека нема да влијае врз надворешната трговија.

Оперативна група за финансиски акции или ФАТФ е меѓународна организација со цел спречување на перење пари и на финансирање на тероризам. Таа е формирана во септември 1989 година на самитот на групата „Г7“.

Хрватска постави ограда на границата со БиХ

Мигранти во БиХ во обид да ја поминат хрватската граница, архивска фотографија
Мигранти во БиХ во обид да ја поминат хрватската граница, архивска фотографија

Хрватска денеска постави ограда во близина на граничниот премин Изачиќ заради зајакнување на границата поради мигрантската криза. Хрватското Министерство за внатрешни работи потврди дека е поставена и подвижната бариера во хрватското место Личко Петрово Село.

Од Министерството за внатрешни работи на Хрватска се повикуваат на шенгенскиот каталог на ЕУ за надзор на надворешната граница, враќање и повторно прифаќање, во кој е наведено „дека граничните премини и непосредното подрачје треба технички да се надгледуваат, а граничните контроли и надзор треба да бидат осветлени“.

Обвинети тројца Руси за случајот со труење во 2015 година во Бугарија

Шефот на бугарското обвинителство Иван Гешев
Шефот на бугарското обвинителство Иван Гешев

Бугарските обвинители покренаа обвинение во кои се осомничени тројца Руси за случајот со обид за труење на познатиот трговец со оружје Емилијан Гебрев во 2015 година.Осомничени во овој случај се Сергеј Павлов, Сергеј Федотоф и Георги Горшков, за кои се верува дека се жители на Москва.Претходно независна истражувачка организација на социјалната мрежа Твитер објави дека „ ги идентификувала идентитетите на офицерите на ГРУ“, кои се обвинети за обидот за труење, при што во постот ја употребијакратенка од руската воена разузнавачка служба.Минатиот месец Бугарија протера двајца руски дипломати, за кои постоело сомневање дека се вмешани во случајот.

Во обвинението е наведено дека Гебрев кој е сопственик на компанијата за трговија со оружје ЕМКО ОДД, неговиот син Христо Гебрев, како и менаџерот на компанијата Валентин Тахричиев биле таргет, и дека обидот за труење бил направен со „неидентификувана фосфорна супстанција“.
Сите тројца го преживеаја нападот.

Истрага во Грција за нелегално издавање пасоши на криминалци

Илустрација- грчки полицаец
Илустрација- грчки полицаец

Шест полицајци и 27 други лица се под истрага за измама со пасоши. Се истражува наводно лажно издавање грчки документи за идентификација на криминалци кои бегаат од правдата, соопштија денеска грчките власти.

Според истрагата 38 лични карти и 31 пасош издадени меѓу 2016 и 2018 година веќе се поништени.Криминалците плаќале од 5000 до 40 000 евра за секој нелегален документ, Повеќето од нив бил издавани на имиња на грчки државјани кои живеат во странство, а не си ги обновиле пасошите. Полицијата не соопшти дали кој било од 33 осомничени е уапсен.

Украинската министерка за здравство во карантин со евакуираните од Вухан

Украина- човек стои на балконот во објектот во кој се во карантин евакуираните од Вухан, 21.02.2020
Украина- човек стои на балконот во објектот во кој се во карантин евакуираните од Вухан, 21.02.2020

Украинската министерка за здравство ќе помине две недели во карантин со евакуираните од Кина во обид да ја намали паниката од коронавирусот поради која насобрани демонстранти вчера нападнаа автобуси во кои беа донесените украински и странски државјани од Вухан, епицентарот на заболувањето.

Вчера дојде до насилства во градот Нови Санзхари кој се наоѓа во источниот дел од Украина каде што евакуираните треба да ги поминат 14 дена во карантин. Насобраните со камења скршија прозорец на еден од автобусите, а засега не се знае дали има повредени внатре. Во полициското соопштение се наведува дека девет полицајци и еден цивил се хоспитализирани по судирот, а 24 демонстранти се приведени.

Украинските власти соопштија дека 45 Украинци и 27 странци, медицински персонал и екипажот биле во авионот кој полета од Вухан. Во обид да ја смири паниката министерката за здравство Зорјана Скалетска рече дека ќе им се придружи на евакуираните и ќе биде со нов 14 дена бо истите услови.

Министерството за здравство пак соопшти дека во градот во кој живеат 10 000 луѓе ќе има околу 200 полициски патроли во околината на медицинската установа во која евакуираните ќе бидат во карантин.

Борисов демантира дека има куќа во Шпанија

Архивска фотографија- бугарскиот премиер Бојко Борисов
Архивска фотографија- бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред новинарите во Брисел го демантираше написот во шпанскиот весник „Ел Периодико“ дека се води истрага против него за перење пари и купување куќа во Барселона.

„Ниту поседувам куќа, ниту имам недвижен имот, ниту сум бил во Барселона. Последен пат отидов како градоначалник пред 15 години“, нагласи бугарскиот премиер.

Тој рече дека не се негови парите и дека нема никаква врска со компаниите кои се споменуваат во текстот.

„Станува збор за луѓе кои не сум ги видел дури 15-20 години. Ниту пак некоја служба, обвинителство, полиција, ме побарале за да ме прашаат дали е тоа вистина“, додаде Борисов.

Денеска шпанскиот весник „Ел Периодико“ објави дека каталонската полиција и обвинителството за борба против корупцијата во Шпанија вршат истрага дали Борисов е поврзан со евентуално перење пари во таа земја.

Москва негира мешање во претседателските избори во САД

Архивска фотографија- портпаролот на Кремљ Дмитри Песков
Архивска фотографија- портпаролот на Кремљ Дмитри Песков

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков денеска во Москва рече дека предупредувањата од американските разузнавачи се неточни. Разузнавачите деновиве во Конгресот изјавиле дека Русија се меша во изборната кампања со цел да се фрли сомнеж врз интегритетот на изборите и да се засили реизборот на претседателот Доналд Трамп. Ова, како што јави Ројтерс, било пренесено од лице запознато со брифингот.

„Ова е уште едно во серијата параноични извештаи и жалиме што мора да кажеме дека тие ќе станат се почести со приближувањето на изборите. Очигледно тоа не е точно“, рече Песков.

Според американските разузнавачки служби руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година преку кампања на социјалните мрежи и хакирањето на мејловите на демократската патрија ја засилија кампања на американскиот претседател Доналд Трамп и го поткопаа неговиот политички ривал Хилари Клинтон. Трамп тоа го нарече „измама“.

Трамп, руското мешање и „Однесено со виорот“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG