Достапни линкови

Евакуираните Украинци од Вухан дочекани со камења во Украина


Украина- судир на полицијата со насобраните кои се противат на евакуираните од Вухан да бидат во карантин во Нови Санзхари, 20.02.2020

При пристигнувањето на првата група евакуирани Украинци од Вухан, епицентарот на коронавирусот, дојде до насилства во градот Нови Санзхари кој се наоѓа во источниот дел од Украина. Локалните жители се спротиставија на одлуката потенцијално инфицираните со коронавирус да бидат сместени во областа, па фрлаа камења и се судрија со полицијата.

Украинските власти соопштија дека 45 Украинци и 25 странци, медицински персонал и екипажот биле во авионот кој ги евакуираше луѓето од Вухан. Националноста на странските државјани се уште не се знае. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалната мрежа Фејсбук вчера напиша дека авионот ќе слета на киевскиот аеродром за да наполни гориво, а потоа ќе продолжи до Каркив каде која е негова последна дестинација. Од таму, со автобуси, евакуираните ќе бидат пренесени во медицинскиот центар воНови Санзхари, каде што ќе бидат 14 дена во карантин, напиша Зеленски.

Луѓето донесени од Вухан, со маски на лицата и со силно полициско обезбедување беа пренесени до Нови Санзхари. Насобраните, пак, со камења скршија прозорец на еден од автобусите, а засега не се знае дали има повредени внатре. Во полициското соопштение се наведува дека девет полицајци и еден цивил се хоспитализирани по судирот, а 24 демонстранти се приведени.

XS
SM
MD
LG