Достапни линкови

Вести

Над 60 проценти од гласачите гласале во Киргистан

Повеќе од 61 процент од гласачите во Киргистан излегоа на денешниот референдум за уставни промени, што го прави референдумот успешен и покрај неодамнешните етнички насилства ,соопштуваат киргистанските привремени власти. Привремената лидерка Роза Отумбаева изјавила дека денешното гласање било победа на патот кон вистинска влада. Прелиминарните резултати се очекуваат во понеделник

Обама и Ердоган разговарале во Торонто

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Барак Обама денеска на маргините на самитот на Г-20 разговарале за соработката меѓу Турција и САД во борбата против тероризмот, иранската нуклеарна програма и односите на Турција со Израел. Во врска со односите меѓу Турција и Израел, Обама изразил загриженост за најновиот развој меѓу двете земји, кои ги определи како две сојузнички држави.

Извршителите на бомбашкиот напад во БиХ се вахабити?

Босанската полиција претпоставува дека луѓето што стојат зад нападот на полициската станица се поврзани со радикалната муслиманска организација од босанското движење на вахабитите, јави босанската државна телевизија, повикувајќи се на истрагата. Еден полицаец загина а петмина се повредени при експлозијата рано утринава во полициската станица во градот Бугојно. Четворица од нив се лесно повредени, додека една жена полицаец е во критична состојба. Вакви терористички напади претставуваат опасност за целото општество и ние треба енергично да реагираме за искоренување на тоа зло, што го загрозува животот на луѓето, изјави босанскиот министер за безбедност Садик Ахмедовиќ.

Иран има материјал за две нуклеарни бомби

Директорот на американската агенција за разузнавање Леон Панета изјавил дека најверојатно Иран има доволно ниско обогатен ураниум да произведе две нуклeарни бомби , но дека за производсто ќе му бидат потребни 2 години. Панета за американската телевизија Еј-Би-Си изјавил дека на Иран му е потребна една година да ја произведе бомбата и уште една да развие операционен систем за нејзина употреба. Тој изјавил и дека се сомнева дека неодамнешните санкци на ОН ќе го запрат Иран во остварување на нуклеарните планови.

Германија оди во четвртфинале

Германија се пласираше во четрвртфиналето, откако попладнево ја победи репрезентацијата на Англија со 4 - 1. Првото полувреме заврши со резултат 2-1 за Германија. При тој резултат судијата не призна чист гол за Англичаните. Во второто полувреме Гордиот Албион се отвори, бркајќи ја германската предност, но прими уште два гола.

Втор ден од состанокот на Г-20 во Торонто

Лидерите на земјите од Групата Г- 20 на вториот ден од состанокот во Торонто се согласиле богатите земји да го преполоват буџетскиот дефицит до 2013 година. А се договориле и да го стабилизираат и државниот долг до 2016-та. Се очекува лидерите на Г-20 да им понудат подршка на економиите во развој и да им овозможат на нивните валути да се стабилизираат за да можат да балансираат на светската трговска сцена. Повеќе од 400 луѓе беа уапсени по демонстрациите кои се претворија во насилство во центарот на Торонто.

НАТО продолжува со акциите во Авганистан

Портпаролот на НАТО во Авганистан изјавил дека нема да се одложуваат воените операции во таа земја поради смената на командантот на меѓународните сили и поради зголемениот број на загинати војници. Портпаролот Јозеф Блок изјавил дека ќе продолжат со операциите во очекување на командантот Дејвид Петреус.

Уапсени луѓе за нападот на полициската станица во Босна

Полицијата уапсила уште неколку луѓе осомничени дека се вмешани во нападот на полициската станица во Бугојно во централна Босна и Херцеговина. Претходно полицијата уапси еден човек кој признал дека тој ја подметнал експлозивната направа. При нападот загинаа еден полицаец, а повредени се уште 6 луѓе. Се трага по уште еден човек за кој постои сомневање дека е вмешан во настанот.

СДСМ со протестен митинг пред Влада

Најголемата опозициска партија СДСМ, вечерва ќе одржи протестен митинг пред Владата под мотото „Ние сме за победничка Македонија“. На митингот, како што најавија од СДСМ, ќе го изразат незадоволството од политиката на актуелната власт. Од СДСМ велат дека на ваков чекор се одлучиле по пораките кои премиерот, ги упати на роденденската прослава на ВМРО-ДПМНЕ пред повеќе од една недела.


Лидерот на ДУИ упатил писмо до лидерите од регионот

Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку писмо им честител на лидерите на Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора кои вчера одржаа средба во Призрен, за нивното залагање за регионалните и за евроинтегративните процеси, кои според него се единствената алтернатива за луѓето од Западен Балкан. Во писмото Ахмети оценува дека ваквите средби , ја подобруваат климата во регионот и од земји со меѓусебни предрасуди, соседите преминуваат во партнери и сојузници

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG