Претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за РСЕ изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да одговори на загриженоста на Западот во врска со забраната за употреба на српскиот динар на Косово. Ескобар престојуваше во официјална посета на Косово.
Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, изјави дека конечниот договор меѓу Косово и Србија ќе бара „тешки избори“ и „политичка храброст“.
САД категорично се противат на можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово. Ова го изјави Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД, во интервју за РСЕ на вториот ден од неговата посета на Косово. Со него разговараше Амра Зејнели.