Газди на фирми зеле државна помош за исплата на плати, ама вработените не ги виделе тие пари. Некои не добиле ич, а некои добиле помалку од минимална плата. Државата на околу 20 илјади фирми им дала помош за исплата на минимална плата за над 100 илјади вработени за месеците април, мај и јуни. Фирмите зеле околу 79 милиони евра, но околу два милиони евра од нив не стигнале кај вработените. Околу 1700 работници во време на пандемијата не добиле ќорав денар, а околу 52 илјади вработени добиле намалени минимални плати, иако фирмите од државата добиле по 14500 денари по вработен.
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, апелира до овие фирми да им ги исплатат платите на вработените, во спротивно јавно ќе ги објави.
Граѓаните на социјалните мрежи зачудено прашуваат зарем за тоа нема кривична одговорност, туку демек сега газдите ќе се посрамат. Немојте толку остро, ќе ги истрауматизирате.
владата ќе ги пинга 700-те фирми ако не ги исплатат платите државна помош, а следно иде со скриншот
— шрут фармс (@Nikola_Dimcev) July 29, 2020
Дел од коментаторите се шегуваат дека УЈП во стилот на популарните К-15 им се закани на фирмите што не им исплатиле плата на работниците.
Ако не ја исплатиш добиената помош на работниците ќе пристапиме кон кажување на мајка тиВаш УЈП
— ЗЛОЧКО 5Г (@srce_swatko) July 29, 2020
Краделе пари од државата и работниците и за казна УЈП ќе ги објави на вебсајт pic.twitter.com/E74hQRZ6z8
— Самосвесен ☕ (@RagingDemon1) July 29, 2020
УЈП соопшти дека доколу работодавачите не извршат исплата на платите во определениот рок, ќе следи постапка на присилна наплата на платата, глоба за неплаќање придонеси, а работодавачот ќе биде задолжен да ги врати парите со со камата. Синдикати и граѓански здруженија побараа да има и кривична одговорност за измама.
Дел од луѓето велат дека место обвинителството да си ја работи работата, УЈП апелира како да е странска амбасада, а не дел од извршната власт.
Саглам Јавно обвинителство денеска ќе ги собереше сите управители на фирмите што не ги исплатиле парите на вработените. Кој нема во текот на утрешниот ден да им ја исплати помошта веќе утре, право во Шутка.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) July 29, 2020
Зошто казна кога може да се апелира 🙂“УЈП со последен апел до компаниите кои ја злоупотребила државната помош, да ги префрлат парите на работниците...”
— Dimitar P. (@Dmee82) July 28, 2020
Во сериозна држава, имињата на фирмите кои ја злоупотребиле државната помош се објавуваат јавно, нивните сопственици, управители, како и кривичните пријави кои се поднесени за ова кривично дело.Не „доколку не бидат исплатени“...Не се исплатени. Изволте wall of shame и кривични!
— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) July 28, 2020
„Станува збор за 281 работодавач во април кои примиле поддршка во износ од 9.995.565 ден., а не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработен и во мај 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 ден.“.
— TrashPanda™ 😷 (@strezovski) July 29, 2020
Граѓанин да не плати сметка, после нема да може да се откачи од извршители кои ќе го исцедат до последна капка, но кога се работи за фирми, прво се апелира.
Извршителите може да удрат по народот.УЈП по фирмите не може!
— taka e sudeno (@takaesudeno) July 28, 2020
Други, пак, велат дека било очекувано ова да се случи и оти помошта требало да им биде дадена директно на работниците, а не на фирмите.
Фирмите краделе пари од корона буџетот. УЈП, Мин за Финансии и сите останати на власт:не сериозно ... кој е изненаден од ова? pic.twitter.com/0buAdVzFbh
— БИЧЧ ПЛИЗЗЗ (@KirilMKD) July 28, 2020
Се разбира дека работодавачите ги украле парите од субвенции за работните кога нив им ги пуштија на сметка наместо Ујп да префрли директ на листа на работници која секако мора да помине низ Ујп.Ај мрш! 😠
— Курвин Водењак (@Jovanowsky) July 28, 2020
па јасно дека ќе бараат, цел живот тоа го прават.не дека ујп не се свесни. затоа ако сакаш да помогнеш се дава директ на граѓаните
— Tanjasebanja (@Tanjasebanja) July 28, 2020
Некои пак посочуваат дека се работи за мали семејни фирми и луѓето не си исплатиле помош сами на себе, па не треба да се прави драма. Во објавата гледаат друга заднина.
Тие што не исплатиле се фирми од по 1 до 3 вработени, најчесто фамилијарни .. видете ја анализата од УЈП, станува збор за околу 1.000 вработени од 700 фирми ... ова е само за да се јаде вафли за ова и да не дадат месецов пак помош од 14.500 што бара стопанството ...
— FreeyourMind (@dancer_ot) July 29, 2020
Владата одобри околу половина милијарда евра за помош за справување со економските последици од коронавирусот. Дел од средствата беа за одржување на ликвидноста на компаниите, како помош за исплата на плата за да се зачуваат работните места.