Достапни линкови

ЕУ со огромна економска помош за коронавирусот


Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лејен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел по самитот на ЕУ, Брисел, 21.07.2020.
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лејен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел по самитот на ЕУ, Брисел, 21.07.2020.

Лидерите на Европската унија се договорија за пакетот економска помош заради коронавирусот вреден 750 милијарди евра. Тој е постигнат на четвртиот ден од разговорите обележани со расправии околу распределбата на средствата што треба да им помогнат на земјите кои се најтешко погодени од пандемијата на коронавирус.

Лидерите на ЕУ во Брисел постигнаа консензус средствата од таканаречениот „фонд за коронавирус“ да бидат дадени како заеми и грантови до земјите погодени од вирусот.

Тие исто така се согласија за досега најголемиот буџет на Унијата вреден 1,1 трилион евра за следните седум години.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, едноставно напиша на Твитер „Договор!“, додека францускиот претседател Емануел Макрон го нарече „историски ден за Европа“.

80 милиони евра од ЕУ за Македонија за борба со корона кризата

Тој изјави дека требало да се направат отстапки за да се победат земјите-членки чии приговори го блокираа договорот.

“Но, концесиите беа пропорционални и беа неопходни за да се испорача план за обновување доволно голем за да биде ефективен”, рече Макрон, додавајќи:

„Не постои такво нешто како совршен свет, но постигнавме напредок“.

францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел
францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел

На заедничката прес конференција со Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел пак изјави:

“Овој договор покажува дека блокот е способен да дејствува заедно - дури и за време на најголемата криза и е подготвен да оди по нови патеки во необични околности”.

Курц и Руте оптимисти по маратонските преговори на ЕУ

Самитот започна на 17 јули и беше предвидено да трае два дена, но истиот беше продолжен уште за два дена.

Лидерите на ЕУ расчистија една од неколкуте големи пречки доцна на 20 јули со тоа што се согласија за грантовите и заемите од Фондот за наплата.

Новата сума грантови изнесува 390 милијарди евра во однос на заемите од 360 милијарди евра, како што беше предложено претходно.

Ова е ревизија од првично предложените грантови од 500 милијарди евра, како и компромис меѓу Австрија, Холандија, Данска и Шведска, кои се спротивставија на исплатите во грантови, и Франција, Италија и Шпанија - кои беа тешко погодени од коронавирусот - плус Германија, која работи во тандем со Франција.

Невработеноста во Еврозоната зголемена на 7,4 проценти

Холандија изврши притисок со вето на помошта за земјите што се повлекоа од економската реформа, но сега е подготвена да го поддржи механизмот со кој земјите-членки би можеле да стават кочница на трошоците за три месеци.

од самитот на ЕУ во Брисел, 20.07.2020.
од самитот на ЕУ во Брисел, 20.07.2020.

Другата голема пречка беше расчистена кога Полска и Унгарија се согласија со вклучување на механизам што ја поврзува исплатата на фондовите на ЕУ со усогласеноста со владеењето на правото - термин што се однесува на законите за почитување на слободата на говорот и независното судство.

Според планот, Европската комисија ќе предложи да се преземат мерки кога ќе се открие демократско заостанување, што потоа би требало да бидат усвоени од членките на Унијата со квалификувано мнозинство.

Унгарија, Полска и Чешка го прекршиле законот за квотите за мигранти

И Унгарија и Полска се соочуваат со постапка во врска со членот 7 околу загриженоста за владеењето на правото, како што се слободата на печатот и ограничувањето на независноста на судството.

На крајот на краиштата, може да дојде и една земја-членка да биде лишена од своите права за гласање во ЕУ - потег што е малку веројатен затоа што бара едногласна поддршка.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG