Наводното предизборно ветување за вработување на 300 пилоти од Арачиново три дена предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Некој е сериозен, па брои колку пилоти има во Македонија вкупно, други само се потсмеваат и прашуваат колку морнари ќе се вработат во Македонски Брод.
Премиерот излезе со објаснување дека ветил пилот проекти за вработување, а не вработување на пилоти. За оние што се склони да му веруваат, објаснувањето е доволно уверливо, оние што и онака не му веруваат потсетуваат дека во Македонија има Агенција за нуклеарни технологии, а во бомбите имавме можност да чуеме како се вработувале луѓе од штаб кои наводно требало да работат нуклеарни истражувања.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Приказната потекна од емисијата Клик плус на ТВ21, каде што жители на Арачиново се пожалија дека СДСМ ги лажеле дека ќе вработат 300 пилоти од нивното село. СДСМ демантира и праша кои се мотивите на телевизијата „лице со сомнителна поздина и кредибилитет да изнесува „класична лажна вест“. Дел од медиумите, пак, објавија фотографии на кои се гледа дека човекот што ги изнесе обвинувањата е активист на СДСМ, а премиерот Зоран Заев рече дека ветиле пилот-проекти, а не вработување на пилоти.
На изјавата на Заев реагираа поранешната министерка за култура Ганка Самоиловска Цветанова и аналитичарот Арсим Зеколи.
Понекогаш е подобро да се премолчи ама кога станува збор за Заев, препорачливо е најчесто. Имено, 300 пилоти или 300 пилот-проекти секако е небулоза. pic.twitter.com/5La4ElRrw0
— Ganka Cvetanova (@gankacv) October 9, 2019
... и остана жив. "Заев: 300 пилоти нема ниту во мое Мурtино"
— Arsim Zekolli (@ArsZek) October 9, 2019
На Твитер реагираше пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ.
Да веруваш дека некој им ветил на Арачиновци дека ќе се вработат 300 пилоти, е исто како да веруваш дека Мицковски некогаш ќе стане премиер 😂😂😂😂
— Muhamed Zekiri (@muhi79) October 8, 2019
Нему му одговори новинарката Јорданка Ивановска – Јоци.
На Фејсбук и на Твитер има илјадници коментари и досетки за наводните пилоти од Арачиново.
Јак чоек ми кажа дека од ДУИ во Арачиново му ветиле дека 300 луѓе ќе вработат во МНАВ каде се зема по 2000 евра плата. Кога некој прашал што е тоа, му одговориле дека е агенција за пилоти. Луѓето сега си чекаат да станат пилоти.
— Зимзелено Дрво🌲 (@NemaPariNemaMir) October 8, 2019
Сепак, се чини дека најинтересни се фотомонтажите и мемињата.
Обучувачите за новите пилоти ќе биле од Унгарија pic.twitter.com/2n7EYua3tx
— Човекот од управата (@GoLemiot_Brat) October 8, 2019
Првата генерација пилоти од Арачиново.Ветено, исполнето. pic.twitter.com/ivcshwMl5N
— Bobstar (@bobstar_m) October 8, 2019
Измамените пилоти од Арачиново pic.twitter.com/ZkVmS15bY9
— Дани (@_Dani_D_) October 9, 2019
Обуката за 300 пилоти започна.Уште едно големо ветување е исполнето. pic.twitter.com/lTDNx3WGWU
— Водоотпорна вода (@geosinklinalno) October 8, 2019
Ексклузивно видео од тренирањето на новите 300 пилоти на тренинг полигоно у Арачиново. Благодарност до @El_Megunogovic шо ни го отстапи паркинго позади фабриката кај шо го пунат Ариел прашоко... pic.twitter.com/G0Sj79FroF
— Беља (@the_Belja) October 9, 2019