Достапни линкови

СДСМ - Власта нарачува лустрација и партиски вработувања


Опозицијата објави нова „бомба“ од Битола. Во објавените разговори станува збор за мешање на власта во лустрацијата, вработувања и отпуштања во фирми, изборни нерегуларности, справувања со неистомисленици...

Криминалите и лошиот рејтинг на битолскиот градоначалник Владимир Талески, изборните нерегуларности, партиските вработувања и притисоци врз приватни фирми, но и мешањето на власта во спроведувањето на процесот на лустрација, беа дел од денешната 19-та бомба на опозицијата од Битола.

Претседателот на општинскиот одбор на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски потсети на еден веќе објавен разговор меѓу како што тврдат министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска во кој Ставревски вели дека договорот што Талески го склучил со Транскоп за превоз на ученици е коруптивен до „до даска“, со договорени цени до десет пати повисоки, за што СДСМ веќе поднесе кривична пријава против Талески.

please wait

No media source currently available

0:00 0:06:49 0:00
Директен линк

Машки глас: Значи тој е, тоа е... Кај што е неспособен, уште тежок криминалец, ама и перфиден актер она, глумец.

Женски глас: Епа тоа му е професија. Тоа сакав да ти кажам. Добар глумец е.

Машки глас: Лигле.

Женски глас: Значи блефер, професионален е. Другиве блефираат, ама така приучени, ама овој е професионалец, професија му е тоа.

Машки глас: Да де да. Копилиња, со такви се занимаваме...

На прес конференцијата беше презентиран разговор меѓу, како што посочија, првиот човек на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски и министерот Миле Јанакиески, во кој во кој тие се жалат за паднатиот рејтинг на Талески за 13 проценти за само два месеца, а Јанакиески потврдува дека Талески слабо работи.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:41 0:00
Директен линк

Беше објавен и разговор во кој, како што велат, Талески лобира кај Влатко Мијалков да се отстранат луѓето од спротивниот табор.

please wait

No media source currently available

0:00 0:03:11 0:00
Директен линк

Во сетот разговори кои беа презентирани, а се однесуваат на изборни нерегуларности, притисоци врз фирми и партиски вработувања можеа да се слушнат разговори меѓу, како што наведуваат, тогашниот директот на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски и градоначалникот Талески во кој Чингоски бара од Талески да ја провери можноста 20-тина граѓани да гласаат на две места за време на изборите во 2011 година.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00
Директен линк

Еден од разговорите покажува како во државната компанија ЕЛЕМ се вработуваат луѓе исклучиво по партиска директива, рече Ковачевски.

Јавноста, рече Ковачевски, ќе слушне како Мартин Протуѓер бара од Чингоски да се вработат 9 луѓе по препорака на партијата, или по список, како што му пратила кадровата комисија.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00
Директен линк

Машки глас 1: Чинго шо праиш

Машки глас 2: Добар сум бе на работа ево имав сега ИФЦ сега состанок па чекам да ме викнат од Влада

Машки глас 1: Да не те закача некој таму?

Машки глас 2: Не бе кој да ме закача

Машки глас 1: Хахаха, слушај има некои вработувања таму 12 и ти сеа имаш одбрано некои 9 коишто не се по препорака на партија

Машки глас 2: Добро, 9 се вкупно.

Машки глас 1: Па сакав да те замолам ако може овие партискиве, кадрова комисија да ти прати...

Машки глас 2: Значи вака, ние напраивме некои тестови Мартин овие се многу клучни места од кои двајца се тие што треба да работат за нуклеарна програма.

Машки глас 1: А кај е тоа нуклеарна програма Чинго?

Машки глас 2: Епа со Пешевски е тоа договорено и со премиерот значи имаме тоа што требаше да работи нуклеарна ќе работи кај нас затскриено за да можеме да го фатиме рокот да не изгубиме две три години

Машки глас 1: Ај ти прими ги овие па тие понатаму ќе видиме со нуклеарнава како шо, ќе ти прати Гордана списоче едно сега.

Освен упадот по фирмите и администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ не го поштедила ниту Универзитетот во Битола, рече Ковачевски. Во еден од разговорите меѓу, како што посочи, Гордана Јанкулоска и Генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, Јанкулоска бара да се промени одлуката, актуелната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски, да биде избрана за Продекан на Факултетот за безбедност само затоа што била најголем критичар на владата.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00
Директен линк

Женски глас : ...на факултет за безбедност ја избрале за продекан онаа Фросина Ташевска Ременски, таа е член на Совет, не знам за политички односи на СДСМ. Најголем критичар на Владата, на МВР посебно..

Машки глас: За што ја избрале?

Женски глас :За проректор, продекан. Ама битна позиција е тоа.

Машки глас: Тоа ги бира во самиот факултет така.

Женски глас : Да да ама на Жоглев му реков некни, викам не е наша таа..

Машки глас: А чекај Жоглев е тоа?

Женски глас :Не, види Жоглев е ректор и сеа ректорот треба да ги менаџира тие состојби знаеш..

Машки глас: Не, одма ќе му се јавам да ја корегира работава...

Женски глас : Знаеш како се изнервирав, друга имаше уше една жена не знам таа може си е океј ништо не му реков за неа, викам оваа е комуњарка најголема. Ја имам мака со неа, такви пљукања Велија коа беше, вакви такви сме биле. Неколку професорки шо ние ги викавме знаеш од кревет ги станувавме да идат у Канал5, ваму таму... значи сеа жениве замолија им реков ќе видиме, ќе зборам, ќе се консултирам во партија и сеа ништо на луѓево и исполнуваат и услови и се, не сме им возвратиле а оваа што искачаше против нас заедно со Слаѓана Тасева не пљука на секој чекор, ние ја праиме продекан у наше време, мислам ми пукна филм, месец дена у Собрание....

Машки глас: Ццц, пред два дена беше кај мене го пеглав за истава работа да знаеш.

Женски глас : Беше кај мене претходно и меѓудругото ми вика Кире ме викна ова, викам тоа терај си, те молам внимавај за ова да не ја утнеме работава комуњаркава да не ни влезе таму, пошо друга е таа позиција со студенти има работа, еее знаеш која е таа, шо ги организира протестиве на криминалистиве пред Влада, шо дава изјави.

Машки глас: Аахаа.

Женски глас : Таа е таа една со долга коса со репче... месец дена се расправам со неа у Собрание, пошо комуњариве као експерт ја викаат на собраниски комисии, мислам ми пукна филмот, магаре нека стаи ама она да не е…

Денеска беа презентирани и разговори кои како што посочија од СДСМ само потврдуваат дека процесот на лустрација власта го претворила во политичка сатанизација на неистомислениците. Овие разговори потврдуваат како Милошоски договара со претседателот на комисијата за лустрација, Томе Аџиев на кој начин да биде спроведена постапка за лустрација, рече Кочовски додавајќи дека лицето за кое Милошоски бара да биде спроведена постапката за лустрација е всушност судија од Кичево.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00
Директен линк

Машки глас 1: Денеска бил човеков и ја поднел.

Машки глас 2: Е па добро.

Машки глас 1: Значи човекот се вика Живко Туфегџиев, од Кичево е и поднел иницијатива за сомнение за судијата Драги, Драги Билевски од Кичево.

Машки глас 2: Така.

Машки глас 1: И многу големи проблеми ни прави, дел од корупцијата во градот...

Машки глас 2: Ќе го спроведиме, ќе го спроведиме ние.

Машки глас 1: Колку шо може побрзо, ќе ни биде покорисно.

Машки глас 2: Ќе го пуштиме сега веднаш со сите...

Оваа е 19-та таканаречена бомба на опозицијата. Од СДСМ информираат дека нивниот проект Вистината за Македонија продолжува и носи како што велат нова енергија и ново светло за иднината на Македонија.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:17 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:37 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:04 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG