Достапни линкови

Заев- 300 пилоти не сме ветиле, тоа се пилот-проекти


Архивска фотографија- премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска ги демантираше изјавите на локалното население од Арачиново дека СДСМ им ветил вработување на 300 пилоти од селото.

„300 пилоти не сме ветиле, пилот-проекти се тоа. Државата нема таков ресурс за да вработува 300 пилоти. Со секоја почит за сите професии во Арачиново, такви профили нема ни во мое Муртино, ниту во Скопје, ниту во кое било такво место во земјата”, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање на прес конференцијата во Владата.

Во понеделникот во емисијата Клик плус на телевизијата 21 беше емитуван прилог во кој жители од Арачиново тврдеа дека им биле ветени вработувања на 300 пилоти, но тоа ветување не било исполнето. Ова беше демантирано од СДСМ и оценето како лажни вести изнесени од „лица со сомнителен кредибилитет“. Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека “Зоран Заев го ветувал и невозможното само за да дојде до глас повеќе на предвремените избори во 2016 година“.

XS
SM
MD
LG