Со кавал, тамбура и дајре, Мартина инспирација за музичарките

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ретко која девојка во Северна Македонија свири на народни инструменти. А Мартина свири дури на три – кавал, тамбура и дајре. Работи како келнерка за да си го плати студирањето на музичка академија и приватните часови со кои се надградува. Дел е од над десет фолклорни ансамбли и културно уметнички друштва. И во сите е единствената жена. Се надева дека поттикнати од нејзиниот пример што повеќе девојки ќе изберат да свират некој народен инструмент и дека ќе ѝ станат колешки.