Достапни линкови

Дали СЗО е таа што треба да го запре ковид-19?

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреjeзус
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреjeзус

Логично е кога светот е погоден од голема здравствена криза да и се обрати на Светската здравствена организација за да го заштити. Оваа агенција на ОН се најде под огромна критика за нејзиниот одговор на пандемијата на коронавирус, но поблискиот поглед на организацијата, нејзините овластувања и нејзиното финансирање сугерира дека не мора да биде така.

Светската здравствена организација, или СЗО, се најде под остри критики за нејзиниот одговор на пандемијата на коронавирус во која досега починаа повеќе од 200 илјади луѓе низ целиот свет.

Но, додека оваа агенција на ОН е обвинета за нејзиниот одговор на избувнувањето на коронавирусот во Кина кон крајот на декември, други ја бранат, тврдејќи дека нејзина цел не била никогаш да биде чувар, односно единица за итни случаи.

Остри критики

Критиките се предводени од Соединетите Држави, кои регистрираа четири пати повеќе инфекции и двојно повеќе смртни случаи, над 50.000, од втората по жртви земја - Шпанија.

Коронавирус: во контроверзните кинески пазари

Кинески полицаец реагира на фотографот кој го слика затворениот пазар на морска храна Вухан на 30 март. Забележете ја црната табла над влезот десно.
1/9 Кинески полицаец реагира на фотографот кој го слика затворениот пазар на морска храна Вухан на 30 март. Забележете ја црната табла над влезот десно.
Фотографиите ја доловуваат реалноста таканаречените "влажни пазари" кои се поврзани со неколку сериозни појави на болести и можеби биле изворот на сегашната пандемија на коронавирусот. (Забелешка: читателите може да најдат некои фотографии вознемирувачки.)
Истиот влез на пазарот на 11 јануари пред да биде покриен влезниот знак.<br />
<br />
Големиот пазар во кинеската провинција Хубеи беше затворен набргу откако беше откриено дека повеќето од првите жртви на болеста сега позната како КОВИД-19 или работеле или го посетиле пазарот.
2/9 Истиот влез на пазарот на 11 јануари пред да биде покриен влезниот знак.

Големиот пазар во кинеската провинција Хубеи беше затворен набргу откако беше откриено дека повеќето од првите жртви на болеста сега позната како КОВИД-19 или работеле или го посетиле пазарот.
Фотографиите ја доловуваат реалноста таканаречените "влажни пазари" кои се поврзани со неколку сериозни појави на болести и можеби биле изворот на сегашната пандемија на коронавирусот. (Забелешка: читателите може да најдат некои фотографии вознемирувачки.)
&bdquo;Влажните пазари&ldquo;, како овој во Пекинг, продаваат свежи производи како риба, месо и зеленчук. Тие се именувани главно за водата за миење на тезгите на крајот на секој ден, честопати оставајќи ги подовите толку влажни што продавачите работат во гумени чизми.
3/9 „Влажните пазари“, како овој во Пекинг, продаваат свежи производи како риба, месо и зеленчук. Тие се именувани главно за водата за миење на тезгите на крајот на секој ден, честопати оставајќи ги подовите толку влажни што продавачите работат во гумени чизми.
Фотографиите ја доловуваат реалноста таканаречените "влажни пазари" кои се поврзани со неколку сериозни појави на болести и можеби биле изворот на сегашната пандемија на коронавирусот. (Забелешка: читателите може да најдат некои фотографии вознемирувачки.)
Повеќето влажни пазари во Кина и низ цела Азија тргуваат само со обичен зеленчук ...
4/9 Повеќето влажни пазари во Кина и низ цела Азија тргуваат само со обичен зеленчук ...
Фотографиите ја доловуваат реалноста таканаречените "влажни пазари" кои се поврзани со неколку сериозни појави на болести и можеби биле изворот на сегашната пандемија на коронавирусот. (Забелешка: читателите може да најдат некои фотографии вознемирувачки.)
... и месо.
5/9 ... и месо.
Фотографиите ја доловуваат реалноста таканаречените "влажни пазари" кои се поврзани со неколку сериозни појави на болести и можеби биле изворот на сегашната пандемија на коронавирусот. (Забелешка: читателите може да најдат некои фотографии вознемирувачки.)
Сепак, некои влажни пазари се познати по тоа што продаваат егзотични животни - како што се мачки. По избувнувањето на коронавирусот познат како САРС во 2003 година, починаа стотици луѓе во неколку држави. Се верува дека епидемијата започна откако лилјак заразил еден вид мачки, кои пак заразија едно лице. Кинеските власти реагираа со наредба за колење на околу 10.000 мачки.
6/9 Сепак, некои влажни пазари се познати по тоа што продаваат егзотични животни - како што се мачки. По избувнувањето на коронавирусот познат како САРС во 2003 година, починаа стотици луѓе во неколку држави. Се верува дека епидемијата започна откако лилјак заразил еден вид мачки, кои пак заразија едно лице. Кинеските власти реагираа со наредба за колење на околу 10.000 мачки.
Фотографиите ја доловуваат реалноста таканаречените "влажни пазари" кои се поврзани со неколку сериозни појави на болести и можеби биле изворот на сегашната пандемија на коронавирусот. (Забелешка: читателите може да најдат некои фотографии вознемирувачки.)
Еден човек во Нанџинг спие на кафези од кокошки со врзани патки во близина. Повеќето нови заразни болести доаѓаат од животни.&nbsp;
7/9 Еден човек во Нанџинг спие на кафези од кокошки со врзани патки во близина. Повеќето нови заразни болести доаѓаат од животни. 
Фотографиите ја доловуваат реалноста таканаречените "влажни пазари" кои се поврзани со неколку сериозни појави на болести и можеби биле изворот на сегашната пандемија на коронавирусот. (Забелешка: читателите може да најдат некои фотографии вознемирувачки.)
Мажи подготвуваат кокошки и кучиња на влажен пазар во кинеската провинција Јунан. Вирусите можат да се пренесат од животни на луѓе со вдишување на здивот на животното, со јадење храна загадена со животински измет или со размена на телесни течности - како што може да се случи кога месарот работи со расекотина на раката.
8/9 Мажи подготвуваат кокошки и кучиња на влажен пазар во кинеската провинција Јунан. Вирусите можат да се пренесат од животни на луѓе со вдишување на здивот на животното, со јадење храна загадена со животински измет или со размена на телесни течности - како што може да се случи кога месарот работи со расекотина на раката.
Фотографиите ја доловуваат реалноста таканаречените "влажни пазари" кои се поврзани со неколку сериозни појави на болести и можеби биле изворот на сегашната пандемија на коронавирусот. (Забелешка: читателите може да најдат некои фотографии вознемирувачки.)
Мртов крокодил на влажен пазар во Гуангжу, Кина. Таквите животни ретко се гледаат на кинеските пазари, но, според ценовниот список објавен од &bdquo;Гардијан&ldquo;, неколку егзотични видови животни, вклучително и такви &bdquo;деликатеси како лилјаци, лисици, крокодили, гигантски саламандери, змии и порцепини&ldquo; на времето беа во продажба во Вухан.
9/9 Мртов крокодил на влажен пазар во Гуангжу, Кина. Таквите животни ретко се гледаат на кинеските пазари, но, според ценовниот список објавен од „Гардијан“, неколку егзотични видови животни, вклучително и такви „деликатеси како лилјаци, лисици, крокодили, гигантски саламандери, змии и порцепини“ на времето беа во продажба во Вухан.
Фотографиите ја доловуваат реалноста таканаречените "влажни пазари" кои се поврзани со неколку сериозни појави на болести и можеби биле изворот на сегашната пандемија на коронавирусот. (Забелешка: читателите може да најдат некои фотографии вознемирувачки.)
Previous slide
Next slide

Станува збор за податоци што ги собира Универзитет Џон Хопкинс, а се потпираат врз информации дадени од владите, при што некои може да бидат нецелосни поради нивната нетранспарентност.

Вашингтон тврди дека СЗО била бавна во одговорот на здравствената вонредна состојба, односно ја пофалила Кина кога требало да ја искара и оти била соучесник на Пекинг во минимизирање на обемот на појавата, придонесувајќи за неговото ширење.

СЗО жали за одлуката на САД за финансирањето

Претседателот Доналд Трамп, кој обвини дека организацијата е „Киноцентрична“ наведе дека Пекинг треба да се соочи со последици доколку е „свесно одговорна“ за пандемијата и суспендираше 400 милиони долари пари наменети за СЗО.

Соединетите држави се најголемиот финансиер на оваа организација.

Државниот секретар Мајк Помпео тврди дека организацијата „јасно не успеа“ да ги спроведе барањата утврдени во меѓународните здравствени регулативи што стапија на сила во 2007 година, а со кои земјите членки и даваат на СЗО „навремени, точни и доволно детални информации за јавното здравје“.

СЗО - извршител?

Бранителите на СЗО велат дека ваквите обвинувања не се фер и не се засновани врз факти.

Пауер: ОН треба да имаат клучна улога против ковид -19
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:46 0:00
Директен линк

Во интервју за Радио Слободна Европа, поранешната американска амбасадорка во ОН Саманта Пауер рече дека идејата оти СЗО е „инструмент за брза реакција“ била „погрешно разбрана“.

„Станува збор за техничка експертиза. Таа собира податоци од целиот свет со цел да се прогласи епидемија или пандемија. Значи, таа е повеќе систем за предупредување, отколку систем за одговор. Затоа паралелно ни треба систем за одговор“, вели таа.

Лоренс Гостин, директор на Центарот за глобално здравство на СЗО и професор на универзитетот Џорџтаун бранејќи ја организацијата од тврдењата на Трамп вели дека е „многу фер да се каже дека Кина не е целосно транспарентна, но додава:

„Тоа не е вина на СЗО, тоа е вина на Кина“. Гостин исто така ги отфрла тврдењата дека СЗО не прогласила вонредна состојба доволно брзо, велејќи дека сугестијата е „погрешна“.

„Всушност“, вели тој, „СЗО нема моќ да прогласи пандемија, туку само го дава своето мислење. Она што го стори беше да ги искористи сите сили што можеше“.

Не толку силна?

Овие сили веројатно не се многу големи.

“СЗО требаше да биде скептична во врска со тоа што и го кажуваа Кинезите, но таа е целосно на милост и немилост на она што и го обезбедуваат владите“, изјави Даниел Спигел, поранешен американски амбасадор во ОН под администрацијата на претседателот Бил Клинтон, за „Вашингтон пост“.

Според него, СЗО нема разузнавачки способности и истражна моќ.

Основана во 1948 година, по Втората светска војна, СЗО имаше за цел да го промовира глобалното здравје и да заштитува од заразни болести, како што се колерата и детската парализа.

Вухан се уште живее во страв
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Но, организацијата не е вистински независен орган, тврдат експертите, додавајќи дека е целосно зависна од нејзините 194 земји-членки, како и од приватните субјекти за финансирање.

Гостин го споредува годишниот буџет на СЗО со оној на „голема американска болница“ и вели дека сумата - што изнесувала 4,4 милијарди долари во текот на 2018-2019 година е „целосно неспоредлива со нејзините глобални одговорности“.

И Бил Гејтс го критикува Трамп поради СЗО

Најголемите сили во светот, вклучително и Кина ја финансираат организацијата.

Покрај тоа, организацијата е одговорна само за 25 проценти од сопствениот буџет, бидејќи голем дел од финансирањето е наменето за непредвидени состојби.

Гостин апелира финансирањето на СЗО да стане задолжително, заклучувајќи „И ако ја немавме СЗО ќе требаше да ја измислиме“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG