Достапни линкови

Во светот скоро 3 милиони заразени со коронавирус


илустрација

Потврдените инфекции со коронавирус во светот достигнаа 3 милиони, а околу 206,000 се починати. Во меѓувреме многу земји продолжија да ги олеснуваат блокадите. Исто така се зголемуваат сомнежите за недоволно известување засновано на разлики во практиките за броење, ограничено тестирање и асимптоматски инфекции, па дури и намерно прикривање од страна на некои влади. Постои континуиран скептицизам околу бројките што излегуваат од Кина, делумно и поради тоа што владата првично се обидувала да го скрие обемот на појавата која започна во Вухан пред да се шири низ целиот свет.

Италијанскиот премиер ветува отворање на училиштата во септември

Земјата со 1,4 милијарди луѓе забележа само три нови случаи на коронавирус на 27 април и нема нови смртни случаи веќе 12-ти ден по ред. Бројот на зарази во земјата е околу 83.000, а смртни случаи на 4.633. Во западните земји, бројот на смртни случаи покажа знаци на опаѓање, а заклучувањата постепено се олеснуваат за повторно да се отворат погодените економии. Во Соединетите држави, најтешко погодената земја во светот има скоро милион потврдени случаи и повеќе од 55.000 смртни случаи.

XS
SM
MD
LG