Достапни линкови

Продажбата на пластичните ќеси опадна, побарувачката на хартиени скромна

илустрација
илустрација

За два месеца откако се забрани употребата на пластични ќеси во земјава, производството на истите драстично се намалило. Фирмите кои произведуваат ќеси, отпуштаат вработени. Оние пак кои произведуваат хартиени ќеси и торби велат дека заработката е далеку од очекуваното

Два месеци откако стапи во сила забраната за употреба на пластични ќеси, граѓаните сè почесто одат на пазар со платнени торби. Ќесите се уште ги има во маркетите, аптеките, бутиците, пазарите, ама поради цената од 15 денари, сè помалку купувачи се одлучуваат да ги користат.

„Скапи се ќесите и затоа си носам платнени торби кога одам на пазар. На почетокот ми беше чудно, ама сега се навикнав и во ташната секогаш си носам платнена торба“, вели Нада К., пензионерка од Скопје.

Дел од трговците нудат специјални торби за повеќенаменско пазарење по цени од 39 до 100 денари. На социјалните мрежи се рекламира продажба на печатени платнени торби по цена на големо од 99 денари, а количките на тркалца се од 500 до 600 денари.

Граѓаните, трговците и производителите меѓу пластичните и хартиените ќеси

Граѓаните велат дека полека се навикнуваат да одат на пазар или во продавница со платнени торби или повеќекратно да користат подебели ќесиња
1/20 Граѓаните велат дека полека се навикнуваат да одат на пазар или во продавница со платнени торби или повеќекратно да користат подебели ќесиња
Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во Македонија
2/20 Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во Македонија
Дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост
3/20 Дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост
Пластични кеси за носење на стоки за кои се наплаќа надоместок од 15 денари и се задолжително биоразградливи се кесите што секојдневно се даваат на каса (на местото на продажба) при купување во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети
4/20 Пластични кеси за носење на стоки за кои се наплаќа надоместок од 15 денари и се задолжително биоразградливи се кесите што секојдневно се даваат на каса (на местото на продажба) при купување во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети
На пазарите во државата се уште има ќеси кои не се дозволени за употреба, а на пиљарниците во дел од маркетите се употребуваат т.н. пластични ќеси без рачки
5/20 На пазарите во државата се уште има ќеси кои не се дозволени за употреба, а на пиљарниците во дел од маркетите се употребуваат т.н. пластични ќеси без рачки
Целта е намалување на употребата на пластиката, развивање позитивни навики за користење торби за пазарење за повеќекратна употреба согласно принципот загадувачот плаќа, објави Министерството за животна средина на денот кога Законот стапи во сила
6/20 Целта е намалување на употребата на пластиката, развивање позитивни навики за користење торби за пазарење за повеќекратна употреба согласно принципот загадувачот плаќа, објави Министерството за животна средина на денот кога Законот стапи во сила
Според законот со кој се регулираше употребата и продажбата на пластичните кеси, глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра за микротрговци, од 18.000 до 20.000 евра за мали трговци, од 53.000 до 59.000 евра за средни трговци и од 89.000 до 98.000 евра за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице според прекршочни санкции од прва категорија, доколку податоците од евиденцијата на квартална основа на бројот на продадените кеси не ги пријавува кај стручниот орган согласно членот 10 став (5) од овој закон
7/20 Според законот со кој се регулираше употребата и продажбата на пластичните кеси, глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра за микротрговци, од 18.000 до 20.000 евра за мали трговци, од 53.000 до 59.000 евра за средни трговци и од 89.000 до 98.000 евра за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице според прекршочни санкции од прва категорија, доколку податоците од евиденцијата на квартална основа на бројот на продадените кеси не ги пријавува кај стручниот орган согласно членот 10 став (5) од овој закон
Многу лесните пластични кеси за носење на стоки се целосно забранети. Тоа се кесите чијашто дебелина е пониска од 15 микрони, односноцоние кои се користеа за пакување/размерување на овошје и зеленчук на пример
8/20 Многу лесните пластични кеси за носење на стоки се целосно забранети. Тоа се кесите чијашто дебелина е пониска од 15 микрони, односноцоние кои се користеа за пакување/размерување на овошје и зеленчук на пример
Според прекршочни санкции од втора категорија, глоба во износ од 13.000 до 14.000 евра за микротрговци, од 25.000 до 28.000 евра за мали трговци, од 76.000 до 84.000 евра за средни трговци и од 126.000 до 140.000 евра за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку пушта на пазар пластични кеси за носење стоки спротивно на членот 10 (кој забранува пуштање пластични кеси во употреба), произведува и/или пушта на пазар пакувања кои не се изработени согласно барањата
9/20 Според прекршочни санкции од втора категорија, глоба во износ од 13.000 до 14.000 евра за микротрговци, од 25.000 до 28.000 евра за мали трговци, од 76.000 до 84.000 евра за средни трговци и од 126.000 до 140.000 евра за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку пушта на пазар пластични кеси за носење стоки спротивно на членот 10 (кој забранува пуштање пластични кеси во употреба), произведува и/или пушта на пазар пакувања кои не се изработени согласно барањата
Надоместок од 15 денари за биоразградливите кеси, во поголем дел ќе оди во Фонд за заштита на животната средина
10/20 Надоместок од 15 денари за биоразградливите кеси, во поголем дел ќе оди во Фонд за заштита на животната средина
Пластични кеси за кои не се однесува надоместокот од 15 денари и стандардите за биоразградливост се оние кои се даваат на потрошувачите на каса во продавници за книги, облека, обувки, алати, електрична и електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, за сувенири, уметнички галерии, за козметички производи, аптеки (земјоделски, за медицински помагала и сл.). Овие кеси се препорачува да бидат подебели (над 50 микрони) како би можеле да се употребуваат повеќекратно и да се отстранат во контејнерите за пластика (жолт контејнер) од каде би се однеле на рециклажа
11/20 Пластични кеси за кои не се однесува надоместокот од 15 денари и стандардите за биоразградливост се оние кои се даваат на потрошувачите на каса во продавници за книги, облека, обувки, алати, електрична и електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, за сувенири, уметнички галерии, за козметички производи, аптеки (земјоделски, за медицински помагала и сл.). Овие кеси се препорачува да бидат подебели (над 50 микрони) како би можеле да се употребуваат повеќекратно и да се отстранат во контејнерите за пластика (жолт контејнер) од каде би се однеле на рециклажа
Се уште има купувачи кои купуваат кеси по цена од 15 денари, но нивниот број е драстично помал од оној пред 2 месеци
12/20 Се уште има купувачи кои купуваат кеси по цена од 15 денари, но нивниот број е драстично помал од оној пред 2 месеци
Граѓани велат дека на некои од поголемите пазари, особено во Скопје, се уште можат да се купат пакувања од по 100 и 150 парчиња неразградливи кеси по 1 денар за кеса.
13/20 Граѓани велат дека на некои од поголемите пазари, особено во Скопје, се уште можат да се купат пакувања од по 100 и 150 парчиња неразградливи кеси по 1 денар за кеса.
Цената на хартиените кеси во маркетите се од 8 денари па нагоре, а цената на платнените варира од маркет до маркет
14/20 Цената на хартиените кеси во маркетите се од 8 денари па нагоре, а цената на платнените варира од маркет до маркет
Очекувано во овој период опаднало производството на пластични ќеси кај триесеттина фирми кои се занимаваат со производство и трговија со полиетиленски ќеси
15/20 Очекувано во овој период опаднало производството на пластични ќеси кај триесеттина фирми кои се занимаваат со производство и трговија со полиетиленски ќеси
Александар Боризовски, сопственик на фирма за производство на пластични ќеси, вели дека до крајот на месецот ќе биде принуден да отпушти околу 70 отсто од вработените
16/20 Александар Боризовски, сопственик на фирма за производство на пластични ќеси, вели дека до крајот на месецот ќе биде принуден да отпушти околу 70 отсто од вработените
Марина Петровска, управителка на првата фирма во Македонија која почнала да произведува биоразградливи ќеси за различна употреба, вели дека од забраната за употреба на пластични ќеси, прометот опаднал за 60 отсто и дека после триесетгодишно работење, сега не гледа иднина за семејниот бизнис
17/20 Марина Петровска, управителка на првата фирма во Македонија која почнала да произведува биоразградливи ќеси за различна употреба, вели дека од забраната за употреба на пластични ќеси, прометот опаднал за 60 отсто и дека после триесетгодишно работење, сега не гледа иднина за семејниот бизнис
Машините што се наменети за производство на пластика не може да ги пренаменам за друг вид на прозводство, појаснува Марина Петровска, управителка на првата фирма во Македонија која почнала да произведува биоразградливи ќеси за различна употреба
18/20 Машините што се наменети за производство на пластика не може да ги пренаменам за друг вид на прозводство, појаснува Марина Петровска, управителка на првата фирма во Македонија која почнала да произведува биоразградливи ќеси за различна употреба
Колаж од фотографии од фабрика за производство на ќеси
19/20 Колаж од фотографии од фабрика за производство на ќеси
Кесите за ѓубре не претставуваат кеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки. И покрај забраната за ќесите наведени во законот, на многу локални депонии, особено диви, отпадот е спакуван токму во такви ќеси
20/20 Кесите за ѓубре не претставуваат кеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки. И покрај забраната за ќесите наведени во законот, на многу локални депонии, особено диви, отпадот е спакуван токму во такви ќеси
Previous slide
Next slide

Тоа што сега се бара торба повеќе, било причина некои производители да го пренаменат своето производство. Па така, Фросина Ирис од Куманово која порано шиела венчаници, а со почетокот на пандемијата и заштитни маски, сега шие и платнени торби. Сепак, таа се жали дека интересот за торбите што ги изработува од природни материјали не е голем, бидејќи самите маркети нудат торби по достапни цени.

„Правев новогодишни вреќички и добро поминаа, но платнените торби за пазарување помалку ги купуваат, затоа што маркетите продаваат торби по 19 денари. Тие пари не се проблем да си купат и да ја користат повеќе пати. Моите торби се или 40, 60 или 100 денари, зошто јас го набавувам материјалот, а морам на цената да ставам и заработка. Направив понуда и за маркетите за да произведувам на големо, ама не добив одговор. И така нашиот бизнис умира, а помош од државата нема“, се жали Ирис, сопственичка на ателје од Куманово.

Од друга страна пак, расте побарувачката за хартиени ќеси, иако во една од фабриките за нивно производство, велат дека продажбата на истите е далеку од очекувањата. Оттаму велат дека покрај досегашното производство на ќеси за подароци и брендирани ќеси, сега бизнисот го прошируваат и со производство на ќеси за маркети.

„Во овој дел сме нови и барем засега ефектот не е толку голем колку што очекувавме дека ќе се случи, дека ќе се трошат илјадници ќеси, дека сите маркети така лесно и наеднаш ќе се научат да ги трошат. Сè е со некаков скромен интензитет на побарувачка. Младите користат хартиени ќеси, а постарите си имаат торбички“, изјави Оливер Стојчевски, комерцијален директор во фабрика за производство на хартиени ќеси во Битола.

Тој додава дека производството на новиот модел на ќеси кои се бараат во маркетите ќе значи и нови трошоци за нив, оти за производство на истите потребни се нови машини, за кои Стојчевски вели дека се релативно скапи и ретко кој се осудува да ги купи.

Фирмите за производство на пластични ќеси под клуч?

Очекувано во овој период опадна и производството на пластични ќеси кај триесеттина фирми кои се занимаваат со производство и трговија со полиетиленски ќеси.

Марина Петровска е управител на првата фирма во Македонија која почнала да произведува биоразградливи ќеси за различна употреба. Таа вели дека од забраната за употреба на пластични ќеси, прометот опаднал за 60 отсто и дека после триесетгодишно работење, сега не гледа иднина за семејниот бизнис.

„Затечени сме. Замре се. Ние ги држиме големите маркети, ама нема нарачки. Оди само ситното, ќесите без рачки за овошје, зеленчук, месо...нема производство. Технолошкиот процес од ќеси да се префрлиме на торби е сосема различен. Машините што се наменети за производство на пластика не може да ги пренаменат за друг вид прозводство. Треба доинвестиции, дообука на вработени и најважното, тоа што материјалот не е достапен на светски пазари“, вели Петровска, управител на фирма за производство и трговија на пластични ќеси.

И Александар Боризовски е сопственик на фирма за производство на пластични ќеси. Вели дека до крајот на месецот ќе биде принуден да отпушти околу 70 отсто од вработените.

„И декември и јануари беа лоши месеци за нас. Побарувачката е падната на нула. Во сите фирми ако се трошело по 30 тони ќеси, сега трошат од 3 до 5 тона. Поголемите маркети скоро и да не купуваат, а имаме и уште залихи. Дел од машините веќе се исклучени, а во март планирам да отпуштам уште вработени,“ вели Боризовски.

Забрана за користење пластични кеси, збунети пазарџии
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Од Групацијата на производители и преработувачи на пластични ќеси при Сојузот на стопански комори на Македонија, велат дека досега се отпуштени 30 работници во овој сектор, а се очекува до март да бидат отпуштени уште толку. Оттаму бараат измена на Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Македонија е преплавена со пластични ќеси, а токму тој отпад се вбројува како еден од главните загадувачи на околината. Нивното одвојување од другиот отпад е сложен процес, а нивното разградување може да трае со години.

Асоцијацијата за управување со отпад на Стопанската комора лани излезе со податок дека во земјава годишно се употребуваат меѓу 120 и 150 милиони пластични кеси, а тоа се близу 2.000 тони пластика. Тоа е од 2 до 3 отсто од вкупниот отпад од пакување, но волуменски е многу.

Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во Република Северна Македонија. Дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост.

Парите од продажбата на ќесите ќе одат во специјален фонд за животна средина. Од тој фонд ќе се инвестира во животната средина, но и во совеста на граѓаните како да менаџираат со отпадот во нашата држава, појасни пред два месеци министерот за животна средина Насер Нуредини објаснувајќи ја одлуката.

Надоместокот од 15 денари не се однесува за продавниците каде се продаваат производи кои не се за секојдневна употреба: книги, облека, обувки, алати, електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, сувенири, уметнички галерии, козметички производи.

Под биоразградливи се подразбира дека до 1 јуни 2023 може да се пласираат оксо-биоразградливи ќеси (МКС 1009) кои беа од 2013 година задолжителни. По 1 јуни 2023 задолжително се пласираат ќеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

This item is part of
XS
SM
MD
LG