Достапни линкови

„Заразна солидарност“ на платформата помагаме.сите


Он лајн платформа помагаме.сите

Светската пандемија со Ковид 19 ги поттикна младите ентузијасти да изработат платформа за солидарност и помош на сограѓаните. Помош во изработка и донации на маски, достава на храна и лекови за постарите и едукација за онлајн бизниси.

Две млади ентузијастки Марија Јановска која живее во Прага и Бојана Данова од Скопје направија интернет платформа за солидарност на која се поврзуваат активистите и граѓаните кои имаат потреба од помош. На платформата помагаме.сите оние кои што нудат помош може лесно да ги најдат тие што бараат помош. Јановска како софтверски инженер вели дека нашла начин како да им помогне на своите сограѓани во родната земја, затоа што, како што вели, желбата е со ова да им помогне и на своите родители и роднини кои се далеку од неа. Идејата е да се поттикнат луѓето да почнат со шиење маски за себе и за блиските пријатели, роднини и колеги, како и да ги донираат на тие што немаат, за да можат делумно да се заштитат од коронавирусот. Инспирацијата вели дека доаѓа од градот во кој што живее, Прага.

„ Моментот кога се донесе одлуката да се носат заштитни маски, буквално цела чешка република почна да шие маски. Може тука да најдете многу организации кои што првенствено бесплатно шијат маски, буквално сите дома што имаа машини за шиење најдоа шаблони и почнаа да шијат маски, и за три дена цела држава да биде комплетирана и заштитена. Тоа е неверојатен успех, баш поради инволвираноста на сите граѓани да си помогнат меѓу себе, “ вели Јановска.

Заразна солидарност - платформа за помош
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:23 0:00

Платформата помагаме сите нуди неколку категории кои можат граѓаните да си помогнат меѓусебе. Првата категорија е изработка на маски односно ги поврзува луѓето кои што имаат машини но немаат материјал па од каде да најдат бесплатно материјал за да може да шијат маски.

„Ние како платформа не сакаме да ги поддржиме луѓето кои сакаат да ја искористат оваа ситуација и да продаваат здравстевни маски по неразумни цени. Но, нас ни е јасно дека не секој може да си дозволи да шие маска бесплатно, затоа додадовме категорија каде што може секој да дава маски или бесплатно или за симболична цена за да може да си ги покрие трошоците за материјал, наместо да се бараат дополнителни донации, тоа е една категорија и веќе луѓе ни се пријавија и се додадоа на мапата на платформата,“ вели Јановска.

Неколку институции досега се обратиле за помош, додава таа.Јановска посочува дека на платформата се пријавиле и луѓе кои нудат бесплатно материјали за оние кои сакаат да шијат. На платформата може да се најде и категорија која се однесува на едукација на дигитализација на бизнисите, затоа што коронавирусот со владините мерки придонесе многумина својот бизнис го пренесат на интернет.

Он лајн платформа помагаме.сите
Он лајн платформа помагаме.сите


Во ова време на социјално дистанцирање, купувањето на основни производи и лекови не е како порано. Посебно за најранливите категории – старите и изнемоштени лица, болните, луѓето со посебни потреби кои се во самоизолација или во изолација имаат вистински предизвик во набавката на основни средства и лекови.Ваква помош се нуди на платформата . Пакети со храна, лекови и хигиенски средства на врата во време на епидемија од коронавирус, доставуваат и волонтерите на Црвениот крст.Постапката на добивање помош е едноставна. Лицата кои имаат потреба од храна, лекови и сл. се јавуваат на еден од телефонските броеви на ниво на општината. Веднаш потоа волонтерите од Црвениот крст ги земаат списокот и парите од семејството, одат да ги купат потребните намирници од најблискиот маркет или аптека и веднаш потоа им ги враќаат.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG