Достапни линкови

Нови регулативи за отпад - невладините реагираат


Илустративна фотографија. Отпад.

Новиот Закон за управување со отпад го помина второто читање на Комисијата за европски прашања во Собранието и сега оди во последната фаза на пленарна седница. Граѓанските организации реагираат дека законот е поминат без да се земат предвид мислењата на јавноста и експертите.

Вкупно шест закони поврзани со отпадот повеќе една година беа во собраниска процедура, а деновите некои од нив веќе се донесени. Со новите регулативи кои се очекува допрва да бидат усвоени на почетокот на септември по завршувањето на годишните одмори, како што е Законот за управување со отпад, се предвидува да остане забраната за увоз на отпад што се користи како алтернативно гориво, по поднесени амандмани на дел пратеници.

„Она што беше моја забелешка, а не беше внесено во предлогот на законот, тоа е дека повторно беше оставена можност за увоз на отпад што се користи како енергенс. Поради тоа поднесов амандман на тој член кој беше усвоен“, вели пратеничката Маја Морачанин од партијата ДОМ.

Морачанин вели дека новитет според Законот за управување со пакување и отпад од пакување, кој исто така чека усвојување, ќе биде забраната за користење на пластични производи за еднократна употреба во услужните дејности во заштитените подрачја на државата. Амандманот на ДОМ бил забраната да важи на ниво на цела територија, но тој не бил прифатен од пратениците со образложение дека замјата се уште за тоа не е подговена. Новитет е и тоа што пластичните кеси во продавниците по донесувањето на законот ќе чинат 15 денари.

„Предлогот од Министерството за животна средина и просторно планирање во законот беше пластичните кеси да чинат 10 денари, јас барав 20 денари и на комисија се договоривме цената да биде 15 денари на пластична кеса во продавница“, вели Морачанин.

Отпад и диви депонии во Скопје, пластика во Вардар
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:40 0:00

Од грѓанскатa организација „О2 Иницијатива“ реагираат дека ниту еден од пратениците и членови на Комисијата за европски прашања не ги известил за донесувањето на законите и покрај тоа, како што велат, пред повеќе од две недели 30 организации и научни институции барале да биде одложено второто читање на двата закони за отпад и предходно да биде организирана јавна расправа, со цел граѓанските здруженија и експертската јавност да можат да изнесат мислења и предлози за подобрување на законите.

„Наместо одговори и комуникација, добивме потполен молк“, реагираат од „О2 Иницијатива.“

Морачанин смета дека законот генерално е добар, посочувајќи дека тоа се закони кои се усогласуваат со евопските регулативи, а спорен неа особено е важно што останува на сила забрната за увоз на отпад како енергенс во услoви кога државните институции се уште немаат капацитет за ефикасна контрола на увозот на отпад, вели таа.

На прашањето дали законот ќе ја подобри сосотојбата во однос на проблемот со третманот на отпадот, дивите депонии и немањето на стандардизирани депонии во државата, Морачанин вели дека смета оти и постоечкиот закон досега не бил пречка да се воспостави соодветен систем за управување со отпад.

„Мора да воспоставиме систем и да се направат тие регионални депонии. Тоа подразбира затворање на дивите депонии, воспоставување на санитарни депонии со претоварни станици во помалите места. Тоа е целиот систем, а најблиску до реализација е регионалната санитарна депонија за источниот и североисточниот регион во светиниколско. Тоа се финансии со гранд од ЕУ, но се уште, после толку години, не е започната изградбата. Според моите информации има несогласувања меѓу општините“, вели Морачин.

Проблемот со отпадот во Македонија е долгогодиштен. Скоро во секое населено место, урбано или рурално, има диви депонии со отпад од градежни работи, метал, пластика, комунален отпад. Овие слики неретко се гледаат и во заштитените подрачја, во националните паркови и во коритата на реките.

Во земјите од ЕУ од 3 јули беше забранета продажба и употреба на пластични кеси, откако стапи на сила забраната на десет вида производи од еднократна пластика.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG