Достапни линкови

Оштетени згради, семејства кои бегаат: Талибанците презедоа три провинциски престолнини

Тешките борби оштетија десетици згради и принудија цивили да избегаат откако талибанските милитанти заземаа три главни градови на авганистанските провинции, вклучувајќи го и стратешкиот главен град на северната провинција Кундуз. Талибанските борци ги зазедоа клучните владини згради во градот Кундуз на 8 август, оставајќи ги владините сили да ги контролираат аеродромот и нивната сопствена воена база. Талибанците ги контролираат и северните градови Сар-е Пол и Талокан. Исто така, беа интензивни борби во јужниот град Лашкар Гах и северозападниот град Херат. Талибанците започнаа сеопфатна офанзива во мај, кога силите предводени од САД ги започнаа последните фази на нивното повлекување.

Вчитај повеќе

16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Категории

XS
SM
MD
LG