Достапни линкови

Сцени од ровови и засолништа додека воените тензии се зголемуваат во Источна Украина

Постојат индикации за големо натрупување на руската војска на Крим и долж руската граница со Украина. Последните големи борби се случија во јануари 2017 година, но постои загриженост дека може да има уште една поголема воена акција. Воените сили и цивилите од двете страни се подготвуваат за најлошото.

Повеќе видеа што се појавија на социјалните мрежи, заедно со анализа на достапните податоци, укажуваат на големо натрупување на руската војска на Крим и долж руската граница со Украина. Исто така, има зголемување на гранатирањето по должината на линијата за контрола што ги одделува украинските сили од борците поддржани од Русија во источна Украина.

Конфликтот во источно украинскиот регион познат како Донбас започна пред седум години. И покрај повеќе договори за прекин на огнот, борбите продолжуваат со прекини. Повеќе од 13.000 лица се убиени од април 2014 година, според Обединетите нации, а повеќе од милион се раселени.

Последните големи борби се случија во јануари 2017 година, но со неодамнешното натрупување на руските сили, постои загриженост дека може да има уште една поголема воена акција.

Вчитај повеќе

16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Категории

XS
SM
MD
LG