Брачна двојка во Киев собра 300.000 долари за волонтерска болница сликајќи икони на празни кутии со муниција фрлени за време на борбите во источна Украина.
Икони на сандаци со муниција во Украина

1
Украинскиот уметник Олександар Клименко во своето студио во Киев покажува една од неговите икони на фрлена кутија за муниција, што ја користи за свои уметнички дела.

2
Наместо да користат вообичаени дрвени панели, Клименко и неговата сопруга Софија Атланова (десно), сликаат христијански икони на капаците и дното на кутиите со муниција.

3
Дрвените панели се донесени од украинскиот регион Донбас, каде што во конфликтот со сепаратистите поддржани од Русија, од 2014 година досега биле убиени повеќе од 13.000 луѓе.

4
Украински борци истоваруваат ремени со куршуми во 2015 година. Дрвените кутии со муниција исто така се користат низ источна Украина за транспорт на ракети и артилериски гранати.