Додека Трамп навестува крај на војната, Израел ги остварува своите цели со напади врз Либан
Откако претседателот Доналд Трамп изјави дека нападите на САД врз Иран може да завршат „многу скоро“, експертите во Израел велат дека воената кампања на нивната влада веројатно ќе го следи примерот на Вашингтон. Но, како што известува Реј Фурлонг од Тел Авив, Израел ги следи своите безбедносни приоритети со напади врз позициите на Хезболах во Либан, а воедно ризикува и критики од САД поради изборот на целите.