Армија во движење: Американско распоредување поради тензиите со Иран
Додека американските сили се распоредуваат на Блискиот Исток во услови на зголемени тензии со Иран, фотографите ги регистрираат поморските и воздухопловните единици во движење - од Крит до Азорските Острови, од Велика Британија до Бугарија.
1
Авиони на палубата на американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“ во пристаништето на грчкиот остров Крит на 24 февруари.
Вашингтон сега ги концентрира своите најголеми воени сили на Блискиот Исток од инвазијата на Ирак во 2003 година.
Вашингтон сега ги концентрира своите најголеми воени сили на Блискиот Исток од инвазијата на Ирак во 2003 година.
2
Носачот на авиони „Џералд Р. Форд“ поминува низ Гибралтарскиот теснец пред да пристигне на Крит.
3
Добиток пред ред авиони - танкери на американските воздухопловни сили што се користат за полнење гориво од воздух.
Фотографијата е направена на 23 февруари во воздухопловната база Лахес во архипелагот Азорски Острови, кој е под администрација на Португалија.
Фотографијата е направена на 23 февруари во воздухопловната база Лахес во архипелагот Азорски Острови, кој е под администрација на Португалија.
4
Американски воен авион на пистата во воздухопловната база Лахес, која ја користат воздухопловните сили на САД и Португалија.
Зголемената активност на САД во Лахес доведе до дебата во Португалија, каде што Владата објави дека за движењето на американските авиони во базата не треба нејзино одобрение.
Зголемената активност на САД во Лахес доведе до дебата во Португалија, каде што Владата објави дека за движењето на американските авиони во базата не треба нејзино одобрение.