Разладување во Ереван: античката вардаварска традиција
Луѓе со кофи скокаа во фонтаната на централниот плоштад на Републиката во главниот град на Ерменија, Ереван, полевајќи се со вода во знак на прослава на традицијата Вардавар. Возилото на безбедносните сили се приклучи на забавата со водени топови среде жешкиот летен ден на 7 јули. Ерменците го датираат Вардавар од претхристијанско време. Тој преживеал до ден-денес како празник на радост, прочистување и простување.