Достапни линкови

Косово и Украина: Кога историјата се повторува

Фотографии од мајки кои плачат над ковчезите на своите убиени деца, луѓе кои бегаат од војната со возови и автобуси, тела на мртвите на улиците... Овие фотографии од војната во Косово и Украина се направени со разлика од повеќе од 20 години, но тие имаат застрашувачка сличност и служат како потсетник дека војната има исто лице насекаде, таа носи бескрајно човечко страдање и големо уништување. Додека војната во Косово заврши во 1999 година по интервенцијата на НАТО, она што Русија го започна против Украина во 2022 година продолжува, а со тоа и страдањето на Украинците.


Оваа фотографија може да биде вознемирувачка - Отвори Оваа фотографија може да биде вознемирувачка - Отвори
Косово: Припадник на Ослободителната војска на Косово поминува покрај телото на селанец од Рачак. Четириесет и пет албански цивили беа убиени од српските сили на 15 јануари 1999 година. Масакрот во Рачак се смета за еден од клучните моменти што влијаеја врз интервенцијата на НАТО против српските сили.


Украина: Тело со врзани раце со бела крпа, за кое жителите велат дека било застрелано од руски војници, е видено како лежи на улиците на Буча, Украина, на 3 април 2022 година. 458 цивили беа убиени во Буча, според украинските власти. Некои од жртвите имаа врзани раце и, според официјалните лица, беа застрелани од блиску.
Оваа фотографија може да биде вознемирувачка - Отвори Оваа фотографија може да биде вознемирувачка - Отвори
Косово: Жена од албанско потекло, Сафете Салихи, која страда од сериозни повреди, е фотографирана во болница во југозападниот град Ѓаковица, Косово.


Украина: Сергиј, кој претрпел повреди на главата и ги изгубил прстите за време на ракетен напад врз неговото село, е фотографиран во болнички кревет во Чухуив, во близина на Харков, Украина.

Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG