Достапни линкови

Покривање на државните симболи на косовските и српските регистарски таблички

Бели наплепници врз државните симболи на косовските и на српските регистарски таблички започна во понеделникот (4-ти октомври). Според новинарите од терен, сообраќајот на Јариње засега се одвива без проблеми, а од српската страна има малку подолги колони.

Косовската полиција објави дека договорот за регистарски таблички, постигнат на 30 септември во Брисел, се спроведува на сите гранични премини меѓу Косово и Србија.
Сепак, сѐ уште не е разјаснето што ќе се случи со возилата со српски регистарски таблички, и оние со ознаки на косовските градови издадени од српските институции, кои веќе се во внатрешноста на Косово.

Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG