Татеши: Индустријата сама го мери загадувањето, инспекторатот проверува само ако има сомнеж
Цементарница Усје, како и другите индустриски инсталации, има обврска самата да спроведува мониторинг на загадувањето, додека инспекторатот може да направи ненајавени проверки и независни лабораториски анализи само доколку постои сомнеж, вели Беса Татеши од Министерството за животна средина и просторно планирање во интервјуто за Радио Слободна Европа.