Превозници од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денеска координирано ги блокираа товарните гранични премини кон европската Шенген зона. Ваквата одлука е предизвикана од примената на системот за контрола на нивен влез и излез во Унијата, со кој се ограничува престојот во Шенген зоната на 90 дена во период од вкупно 180 дена. Компаниите тврдат дека се соочуваат со депортации и економска штета и бараат ЕУ да ги изостави транспортните фирми.
Блокади на транспортерите: “Не“ за Шенген правилата за престој
9
Во Северна Македонија, мобилизацијата за блокадите ја потегна „Макам -транс“, најголемо здружување на работодавачи на превозни трговски друштва во државата. Денеска, тие очекуваат масовност на граничните премини со преку 300 превозници.