Цензурирани риби, кукли во фолија: До каде одат забраните на Талибанците во Авганистан
Новите фотографии од Авганистан покажуваат дека талибанскиот закон со кој се забрануваат слики од луѓе и животни сега се спроведува низ поголемиот дел од земјата, што резултира со цензурирање на морската храна од менијата, затемнети музејски експонати и покриени кукли во излози.
5
Кукла завиткана во фолија пред продавница за машка облека во Кабул на 29 декември 2025 година.Туристичкиот водич, чиј идентитет РСЕ не го објавува од безбедносни причини, верува дека забраната е резултат на погрешно толкување на исламските правила „Бидејќи не беа во градот, нивните умови се поконзервативни“, вели тој.

6
Постер со имиња и анонимни аватари на студенти од Авганистанскиот медицински универзитет во покраината Кундуз во мај 2025 година.„[Талибанците] поминаа 20 години во пустините или во планините“, рече туристичкиот работник. „Секако, [кога] доаѓате од пустината или од планините по 20 години во градот и гледате згради од 15 ката или тоалети [во западен стил] или сите овие работи, се изненадувате.“
7
Музејски работник чита книга пред цензурирани фотографии од живи суштества изложени во тврдината на Александар во Херат на 7 јануари.Куранот не забранува слики од живи суштества, но некои хадиси - антички текстови за кои се верува дека ги документираат дејствијата, карактеристиките и обичаите на пророкот Мухамед - укажуваат дека основачот на исламот се спротивставил на претставувањето на живи суштества.
8
Кукла во продавница за облека со лице покриено со фолија.Наредбата е од полицијата за морал во Авганистан