Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во текот на последните два дена предизвикаа поплави, излевање на реки и потешкотии во сообраќајот поради одрони и свлечишта на дел од патиштата. Најголеми проблеми се регистрирани во Тетовско-Гостиварскиот, Охридско-Кичевскиот и Битолско-Преспанскиот регион, каде службите за итно дејствување веќе интервенираат.
Обилни дождови во Северна Македонија: Поплави, одрони, свлечишта и евакуации
1
Во Битолскиот и Преспанскиот регион, врнежите предизвикале зголемување на водостојот и излевање на повеќе водотеци, при што се поплавени голем број куќи и дворни места. За утврдување на приоритетите и координација на активностите, Кризниот штаб на Општина Битола закажал состанок во 9 часот.
2
Во Кичево, околу 100 лица се евакуирани поради поплави на улицата „Прилепска“, каде се поплавени повеќе станбени објекти, а евакуираните се сместени во спортската сала „Христо Узунов“ со обезбедена храна, вода и основни потреби.
3
Поплавени дворови во Кичево
4
Одрон во Тетово