Пожари, трагедии, протести, оддавање почит... Ова се некои од настаните што ја одбележаа 2025 година во регионот низ призмата на новинарите од балканскиот сервис на Радио Слободна Европа.
Годината зад нас во Западен Балкан
13
Антитурски протест во Подгорица, Црна Гора, 28 октомври.Спирала на насилство врз турските граѓани започна на 26 октомври, по тепачка во која, според обвинителството, турски и азербејџански државјани полесно повредија жител на Подгорица.
14
Повеќе од 10 лица загинаа, а повеќе од 30 беа повредени во пожар што избувна на 4 ноември околу 20:45 часот на седмиот кат од Домот за стари лица во Тузла, Босна и Херцеговина.
15
Лидерот на Самоопределување, Албин Курти, гласа на вонредните парламентарни избори во Косово на 28 декември, на кои партијата победи со речиси 50 проценти од гласовите.
16
Божиќни елки со украси за „Божиќното село“ што властите ги поставија пред српскиот парламент наместо шаторите што беа таму поголемиот дел од годината како дел од проширениот „Кациленд“, 29 декември.