Достапни линкови

Вархеји до Мицкоски: Да работиме заедно на следното ниво од пристапниот процес


Еврокомесарот за надворешни работи Оливер Вархеји во Скопје, Македонија, 27 април 2022 година
Еврокомесарот за надворешни работи Оливер Вархеји во Скопје, Македонија, 27 април 2022 година

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји му ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни избори на партискиот лидер Христијан Мицкоски.

„Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Северна Македонија на следното ниво, напиша Вархеји во честитката до Мицкоски објавена на платформата „Х“.

Претходно, Вархеји победата на претседателски избори и ја честиташе и на Гордана Сиљановска - Давкова.

Вчера, честитки за победата на Сиљановска - Давкова стигнаа и од амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир.

XS
SM
MD
LG