Настаните на денот низ фотографии - 6 јули 2023
Софтвери, бракови и ракети

1
МАКЕДОНИЈА - Судот денеска му изрече мерка куќен притвор на Драги Рашковски, осуден на осум години затвор за случајот „Софтвери“. Рашковски доби и забрана да комуницира со првите тројца обвинети Ивица Димитровски, Игор Христов и Даниел Станчев.

2
БУГАРИЈА / УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Софија на 6 јули на средби со владини претставници, вклучително и со новиот бугарски премиер, кој сигнализираше прекин од неподготвеноста на претходната преодна влада да обезбеди помош за Украина кога тој ја презеде власта минатиот месец.

3
МАКЕДОНИЈА - Два дена на 4 и 5 јуни Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) вршел увид во клиниката за Гинекологија и акушерство (ГАК), а во врска со случајот со родилката која скокна од прозорец.

4
МАКЕДОНИЈА - Премиерот Димитар Ковачевски ја поддржува мисијата на Европската Унија која ја најави евроамбасадорот Дејвид Гир, а е за оценка на работата на Судскиот совет.