Настаните на денот низ фотографии - 5 јули 2023
Од Лога до Борел
1
ХОЛАНДИЈА - Обединетото Кралство, Канада, Шведска и Украина во средата покренаа случај против Иран пред највисокиот суд на Обединетите нации поради соборувањето на украинскиот патнички авион во 2020 година и смртта на сите 176 патници и членови на екипажот.
2
МАКЕДОНИЈА - Уставниот суд на 5 јуни донесе одлука со која привремено го стави надвор од употреба упатството на министерот за правда Кренар Лога, со кое се издава извод на родени во кој има графа за етничка припадност.
3
УКРАИНА - Украинската полиција истражува експлозија во окружниот суд во Киев, за која властите сметаат дека можеби била предизвикана од маж кој активирал уред откако пристигнал на сослушување.
4
УКРАИНА - Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на 5 јули повика на дополнителен пристап до нуклеарната централа Запорожје во Украина за да потврди дека на локацијата има мини или експлозиви.