Настаните на денот низ фотографии - 4 јули 2023
Од Феникс до Авганистан
9
ТУРЦИЈА / ЕГИПЕТ - Египет и Турција првпат по десет години именуваа амбасадори во Каиро и Анкара, со цел да ги обноват нормалните дипломатски односи, соопштија министерствата за надворешни работи на двете земји.
10
МАКЕДОНИЈА - Jaвното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на обвинителството.
11
РУСИЈА - Руската противвоздушна одбрана собори пет беспилотни летала во Московската област, соопшти руското Министерство за одбрана во вторник наутро, на 4 јули, наведувајќи дека нема жртви.
12
ХОЛАНДИЈА - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вети дека стори се што е во нејзина моќ за да го повика на одговорност рускиот претседател Владимир Путин и другите одговорни за наводните злосторства извршени за време на војната на Кремљ против Украина. Таа ова ветување го даде по повод отварањето на Меѓународниот центар за гонење на криминалот на агресијата (ICPA).