Настаните на денот низ фотографии - 4 јули 2023
Од Феникс до Авганистан
1
РУСИЈА / ЧЕЧЕНИЈА - Наградуваната руска истражувачка новинарка Елена Милашина и адвокатот Александар Немов биле жестоко претепани од вооружени лица за време на патувањето во Чеченија, објави групата за човекови права „Тим против тортура“ на 4 јули.
2
ХОЛАНДИЈА - Мобилните телефони, таблетите и паметните часовници ќе бидат во голема мера забранети во училниците во Холандија од 1 јануари 2024 година, објави на 4 јули холандската влада.
3
ЕУ - Земјите-членки на ЕУ примиле речиси милион барања за азил во 2022 година, а најмногу Германија, објави денеска Европската агенција за азил (ЕУАА). Тоа е зголемување од околу 50 отсто во споредба со 2021 година во земјите од ЕУ плус, каде се вклучени Лихтенштајн, Исланд, Норвешка и Швајцарија.
4
АВГАНИСТАН - Талибанците наредија затворање на фризерските и козметичките салони во Авганистан во рамки на најновите ограничувања на правата со кои се соочуваат жените.