Настаните на денот низ фотографии - 30 мај 2023
Македонски бебиња, романски наставници, северно-корејски ракети...
5
КИНА - Кина денеска испрати тројца нови астронаути во својата вселенска станица Тиангонг, меѓу кои за првпат има и еден цивил. Како што јавуваат странските агенции, новата мисија е драгоцено искуство за Кина, која повторно потврди дека сака да испрати човек на Месечината до 2030 година.
6
ХРВАТСКА - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб изјави дека Хрватска нема скриена агенда за уривање на нечии влади, па ни на владата на Србија, судејќи дека официјален Белград е премногу оптоварен со пишувањата на хрватските медиуми.
7
РОМАНИЈА - Десетици илјади наставници во Романија од основните и средните училишта излегоа на протестен марш до зградата на владата во центарот на Букурешт. Бараат подобри плати, повеќе инвестиции во образованието и реформа на образовниот систем во земјата.
8
МАКЕДОНИЈА - Во 2022 година, идентификувани се девет жртви на трговија со луѓе од кои осум женски и едно машко лице. Најголем број од нив, се деца - седум на возраст од 14 до 17 години. Според видот на експлоатацијата, во најголем број од случаите се идентификувани како присилен брак - шест лица, а две се идентификувани како сексуална експоатација од кои едниот случај е онлајн експлоатација. Годинава, три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација, информира министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната регионална конференција посветена на спречувањето и борбата против трговијата со луѓе.