Настаните на денот низ фотографии - 13 април 2023
Од Арачиново до Белата куќа
5
СЛОВАЧКА - Шефот на словачката централна банка и член на одборот на Европската централна банка што одлучува за монетарната политика за 20 земји, во четвртокот беше осуден за поткуп и казнет со 100 илјади евра. Специјалниот кривичен суд на земјата му изрече двегодишна условна казна на гувернерот на Народната банка на Словачка, Петер Казимир, изјави Катарина Куџакова, портпарол на судот. Доколку Казимир не ја плати казната, би одел во затвор.
6
МАКЕДОНИЈА - Општина Арачиново не наплаќа данок на имот, не наплаќа комунална такса на фирма, не наплаќа комунална такса за користење на музика во јавни локали, ниту пак наплаќа комунална такса за истакнување на реклами и огласи на јавни места и не наплаќа надоместок за уредување на градежно земјиште утврдил државниот ревизор.
7
МАКЕДОНИЈА - Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска од Тетово повтори дека ќе ги чека конечните верзии на пакетот од измени на осум закони поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10д по што во консултација со неговиот правен тим ќе одлучи дали ќе ги потпише. Тој во однос на барањето од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да не ги потпишува указите за пакетот закони, Пендаровски изјави дека не прима совети од политички партии.
8
НОРВЕШКА - Норвешкото министерство за надворешни работи на 13 април одлучи да протера 15 претставници на руската амбасада. Во соопштението е наведено дека тоа се луѓе кои работат како разузнавачи под закрила на дипломатски позиции.