Настаните на денот низ фотографии - 6 април 2023
Од Илинденска до Пекинг
9
МАКЕДОНИЈА - Директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски поднел оставка поради лични причини. Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека за оваа тема разговарале уште минатата година, но одлучиле оставката да биде одложена до завршувањето на зимската грејна сезона и справувањето со енергетската криза.
10
МАКЕДОНИЈА - Запленета е 100 килограми високо квалитетна марихуана која најверојатно потекнува од легална фабрика за производство на масло од канабис медицински цели, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
11
МАКЕДОНИЈА - Скандалозно е барањето на Софија да учествува во процесот на уставните измени во земјава, оценува македонскиот претседател Стево Пендаровски. До оваа реакција доаѓа откако бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков вчера изјави дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во постапката за впишување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија.
12
ФРАНЦИЈА / КИНА - Францускиот претседател Емануел Макрон ја започна серијата состаноци со кинеските лидери во Пекинг. Макрон во посета на Пекинг е заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. И Макрон и фон дер Лајен рекоа дека сакаат да ја убедат Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да донесе мир во Украина, или барем да го одврати Пекинг директно да ја поддржи Москва во конфликтот, пренесе новинската агенција Ројтерс.