Настаните на денот низ фотографии - 22 март 2023
Научници, војници, полицајци...

1
МАКЕДОНИЈА - На американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ му се одобрени 15 милијарди денари односно 243 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д, средства што се предвидени со буџетот на Министерството за транспорт и врски за годинава. Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година е донесена вчера на седница на Владата, а денеска е објавена во Службен весник на РСМ.

2
САД - Поранешен војник застрела и уби активен припадник на американската војска и три деца во дом во Јужна Каролина пред да се застрела, соопштија денеска официјални лица. Двајца американски официјални лица потврдија дека станува збор за воени лица.

3
УКРАИНА - Обновата на украинската економија по руската инвазија која започна пред повеќе од една година сега се очекува да чини 411 милијарди долари, покажа новото истражување на Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и Украина.

4
ШВАЈЦАРИЈА - Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека не дозволува користење на знамето на таканаречената Голема Унгарија на натпреварите во нејзина организација. Како што јави агенцијата Бета, УЕФА соопштила дека употребата на тој симбол на нејзините натпревари подлежи на санкции.