Настаните на денот низ фотографии - 14 март 2023
Политика и селотејп
9
КИНА - Кина најави дека од утре ќе продолжи со издавање на сите видови визи и ќе ги отвори своите граници за странските туристи, за првпат после три години од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот. Последната мерка за прекугранична контрола за Ковид-19 беше укината минатиот месец откако властите прогласија победа над пандемијата.
10
ИНДОНЕЗИЈА - Мерапи, еден од најактивните вулкани во Индонезија, денеска исфрли врели облаци од пепел и гас, кои се протегаат два километри по неговата падина“, јави ДПА. Според Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности, владина агенција која ја следи вулканската активност, ерупцијата траела 160 секунди, испраќајќи врели вулкански остатоци долж реката Красак.
11
КИНА - САД го охрабруваат кинескиот претседател Си Џинпинг директно да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Белата куќа, по веста дека кинескиот лидер телефонски ќе разговара со својот украински колега.
12
ЕУ - Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, на 15-16 март ќе отпатува за Албанија, а на 16-17 март во Северна Македонија, соопштуваат од Европската унија (ЕУ).