Настаните на денот низ фотографии - 14 март 2023
Политика и селотејп

1
РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постоењето на Русија како држава зависи од војната во Украина.
Во говор пред работниците во фабрика за авиони, Путин повтори дека Западот сака да ја уништи Русија. Тој претходно го обвини Западот дека ја користи Украина како средство за нанесување „стратешки пораз“ на Русија, пренесува Ројтерс.

2
ФРАНЦИЈА - Во Париз, светската туристичка дестинација која лани ја посетија над 34 милиони туристи, посетителите во изминатите денови се сликаат покрај купишта ѓубре настанати поради штрајкот на ѓубреџиите, како дел од протестот поради непопуларната реформа на пензискиот систем.

3
ГЕРМАНИЈА - Германските борбени авиони стационирани во источното крило на НАТО од август минатата година интервенирале 27 пати откако биле предупредени за непознати авиони во балтичкиот регион, соопштија германските воздухопловни сили Луфтвафе. Портпарол за ДПА изјавил дека германските сили идентификувале руски воени авиони над Балтичкото Море.

4
САД - Компанијата Мета, која ги поседува Фејсбук, Инстаграм и ВацАп, денеска соопшти дека укинува уште 10 илјади работни места, како и дека не пополнува 5 илјади отворени позиции, со цел да ги намали трошоците.